1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Нови избори во Словачка по убиството на новинарот Куцијак?

СН/ агенции
5 март 2018

По убиството на новинарот Јан Куцијак во Словачка, шефот на државата Андреј Киска побара одржување на предвремени избори или сеопфатна реконструкција на владата. Притисокот врз премиерот Фицо расте.

https://p.dw.com/p/2thKQ
Andrej Kiska Präsident der Slowakei
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Hochmuth

Сега ги гледам овие две решенија, изјави словачкиот претседател Киска (насловна фотографија) во телевизиското обраќање во кое се осврна на протестите ширум земјата по убиството на Јан Куцијак. Илјадници луѓе во петокот излегоа на улиците во главниот град Братислава и во други градови во земјата на протестни маршеви во спомен на новинарот Куцијак.

Киска уште изјави дека ќе води разговори со партиите и од нив ќе бара формирање на нова влада или предвремени парламентарни избори, за да се поврати довербата на јавноста.

Повеќе на темата: 

-Словачка: „Мафијо, надвор од нашата земја“

-Убиството на Јан Куцијак - црното досие на Словачка

-Словачкиот истражувачки новинар бил егзекутиран

Slovakei | Tausende Menschen gedenken dem ermordeten Journalisten Jan Kuciak und dessen Verlobte
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Halada

Мафијашки врски

27-годишниот истражувачки новинар, кој имаше објавено бројни текстови за корупцијата во Словачка, пред една недела беше пронајден смртно застрелан заедно со неговата свршеничка. Куцијак ја истражуваше поврзаноста на словачките политичари со италијанската мафија.

Куцијак притоа обвини блиски соработници на премиерот Роберт Фицо дека одржуваат врски со италијански бизнисмени, кои биле во контакт со јужноиталијанската криминална организација Н'дрангета.

Slowakei Mord an den Journalisten Jan Kuciak Trauer
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Simicel

Притисокот врз Фицо расте

По убиството на Куцијак, премиерот Фицо е под сѐ поголем притисок. Партијата Мост Хид, која е дел од владината коалиција од три партии на Фицо, најави дека на 12 март ќе ја разгледува можноста за ставање крај на соработката во владата. Фицо ја обвини опозицијата дека го инструментализира убиството на новинарот за да подбуцнува протести со цел да дојде до власта во Братислава.