1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ново потенцијално буре барут во Европа

Барбара Везел
27 август 2020

Грција и Турција спорат за резервите на природен гас во Средоземното море. Турција бара ревизија на правата за користење, но е соочена со спротиставена коалиција. Европската Унија е во тешка посрединичка позиција.

https://p.dw.com/p/3hZOy
Militär Schiffseskorte für Oruc Reis - East Mediterranean Türkei
Фотографија: picture-alliance/abaca/Turkish Naval Forces

Во август еден турски и еден грчки воен брод опасно си се доближија во источниот дел на водите во Средоземно Море. Франција испрати воени бродови како поддршка за Атина. Со тоа три земји НАТО партнери застанаа едни спроти други. Грчката влада во средата најави дека заедно со Франција, Италија и Кипар ќе оддржи тридневни воени вежби. Многу бргу потоа, според информации од Анкара, два турски воени брода имале воена вежба со американски воен брод разурнувач.

Спорот околу резервите на природен гас во Средоземното море тлее веќе со месеци. Најновата ескалација го вклучи алармот во ЕУ. Германија како претседавач со Унијата со обид да посредува. „Никој не сака овој конфликт да се решава воено“, изјави министерот за надворешни работи Хајко Мас, по разговорите со двете влади.

Историски договори: право или неправда?

 Изворот на конфликтот лежи 100 години наназад. По Првата Светска војна со договорот од Лозана во 1923 година е утврдена територијата на Турција. Наследничката на Османлиското царство тогаш ги загуби сите острови во Егејот на сметка на Грција. Оттогаш Атина и Анкара се спорат околу ексклузивната економска зона помеѓу грчките острови и турскиот брег.

Kriegsschiffe der türkischen Marine und der US-Marine bei einer Militärübung
Фотографија: DHA

Повеќе:

-„Игра со оган“ на Турција и Грција

-Војна поради економските зони во Средоземното Mоре?

-Ќе дојде ли до војна меѓу Турција и Грција?

Во 1996 речиси беа на раб на војна, кога турските командоси упаднаа на еден ненаселен грчки остров. Во 2000та ЕУ уште еднаш ги зацрта максималните морски граници во корист на Грција. Но, турскиот претседател Ердоган со години бара ревизија на договорите. Грција од друга страна се жали на големата желба за моќ на Ердоган и инсистира на сегашната поделба.

Кипар:замрзнат конфликт

Друг камен на сопнување е фактички поделениот остров Кипар, откако Турција во 1974 година го окупираше северниот дел на островот. И покрај долгорочните обиди за посредување на Европејците, “замрзнатиот“ спор трае оптоварувајќи ги односите меѓу Турција и ЕУ, која во 2004 го прифати грчкиот дел од островот како своја членка. Спорот повторно зоврива откако турските бродови одново започнаа со пробно дупчење во водите околу Северен Кипар.

Manöver im Mittelmeer von Griechenland und Frankreich
Фотографија: Reuters/Greek Ministry of Defence

САД уште претходно зазема став – но не во прилог на Турција. Кон крајот на минатата година тие го укинаа ембаргото за оружје за Кипар – како што се вели, во интерес на енергетската безбедност во Европа. Пред неколку месеци, американски воени бродови допатуваа во регионот, поради што турскиот брод-дупчалка „Оруч Реис“ се повлече. Американскиот концерн Ексон Мобил е активен во регионот.

Либија: нов играч

Во ноември 2019 година Турција и владата на Либија признаена од ОН, предводена од премиерот Ал-Сарај потпишаа “Меморандум за соработка“. Прераспределбата на економските зони во источното Средоземно море формулирани во документот ги утврдува турските барања за минерални суровини на дното на морето од Крит до источно од Родос.

Владата во Атина и Никозија протестираа, а ЕУ застана на нивна страна. Правната состојба овде е компликувана, со оглед на фактот дека Либија и Турција не можат да усвојат договор кој оди на штета на трети страни, без меѓународно одобрување.

Новиот Клуб Мед

Во меѓувреме владата во Атина договори соработка со Египет за ископувањето на природен гас во источниот дел на Средоземното Море, што е целосно спротивно на договорот на Турција и Либија.

Türkisches Forschungsschiff «Oruc Reis»
Фотографија: picture-alliance/dpa/DHA/I. Laleli

Во јануари годинава освен Грција, и Кипар и Израел потпишаа договор за изградба на подморски гасовод во должина од 2000 километри, преку кој ќе се транспортира поголемиот дел од гасот кон Европа, заобиколувајќи ја Турција.

Конечно, Грција, Кипар, Израел, Египет, Италија, Јордан и Палестинците се обединети во Форумот за гас за источното Средоземно Море (ЕМГФ) кој е поддржан од САД. Турција која ја осудува групата како анти-турски клуб е повторно исклучена. Во меѓувреме и Обединетите Арапски Емирати кои се ривали со Турција се приклучија, попречувајќи ја нивната соработка со исламистичките групи како Муслиманското братство.

Турција сѐ повеќе изолирана

Со оглед на ваквите меѓународни констелации се чини дека Турција е притисната кон ѕид. Притоа Анкара дефинитивно има право да ја критикува распределбата на поморските права. Таа може да побара правда во Меѓународниот суд во Хаг. Наместо тоа, претседателот Ердоган се обидува да ги спроведе своите барања со воена демонстрација на моќ, ветувајќи им на своите поддржувачи еден вид ново поголемо турско царство на копно и на море. Но националистичките пароли, на меѓународен план водат само кон сѐ поголемо зацврстување и збивање на редовите против него.

Karte Infografik Abkommen zur Aufteilung der Wirtschaftszonen im Mittelmeer ENWirtschaftszonen im Mittelmeer

ЕУ во тешка посрединичка позиција

На состанокот со неговиот германски колега, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази подготвеност да прифати посредништво од ЕУ во спорот. Но, Унијата е во неповолна ситуација: од една страна Брисел со години беше претпазлив и попустлив кон Турција, поради константната закана која лебди во воздухот дека Анкара може да го прекине договорот за бегалците и да ги отвори вратите за нив кон Европа. Од друга страна е обврзана кон своите членки Грција и Кипар.

Краткорочно, ситуацијата може да потсмири со политички потези како вклучување на Турција во ЕМГФ. Меѓутоа, на среден рок ќе помогне само сериозно меѓународно посредништво околу барањата за поморски права во регионот.