1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новогодишна ноќ во барут и чад

Хана Фукс
30 декември 2017

Дочекот на Новата година чини. Чини многу. Секоја година во овој период Германците во воздух испалуваат до 200 милиони евра. И тоа не е се’. Со секоја ракета, кон небото оди и опасна експлозивна мешавина.

https://p.dw.com/p/2q8AX
Silvester 2016/17 -  Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/J.Kalaene

Срцевината на ракетите ја сочинуваат пиротехнички супстанци. „Тие содржат околу 75 насто калиумнитрат, 15 отсто јаглен и 10 насто сулфур“, објаснува Гинтер Клајн-Зомер, хемичар и пиротехничар. По потреба уште се додаваат и соедниненија од бакар, бариум или стронциум кои огнометите ги бојат во сина, зелена или црвена боја. Сите овие хемикалии, за чие производство инаку се користи многу енергија, согоруваат во само еден момент.

Клајн-Зомер на универзитетот во Келн држи предавања под име „Хемија и пиротехника“. Предавањата се добро посетени, секако, бидејќи огнометите фасцинираат многумина, а не само хемичари. И тој интерес не е од вчера. Првите петарди се користени уште во времето на кинеската династија Сунг (960-1270). Монахот Ли Тоам се смета за проаоѓач на огнометот. Во почетокот најважно било колку е тој гласен, а многу помалку важни биле светлосните ефекти.

Огнометите го загадуваат воздухот

Во Германија во 2016 година само поради огномети во атмосферата се емитувани 5.000 тони микро честички (ПМ10), покажуваат податоците на Сојузната канцеларија за животна средина (УБА). Тоа е околу 17 отсто од годишното количество штетни честички од издувни гасови. Притоа поголемиот број се ослободува во рок од час или два, за време на новогодишниот огномет, и тоа пред сѐ во големите градови. Овие минијатурни штетни честички не се видливи со голо око. „Докажано е дека токму тие особено се штетни за здравјето“, наведува германската УБА. Брзината со која се повлекуваат штетните честички по огнометот, зависи од повеќе фактори: силниот ветер допринесува за нивно побрзо расчистување. И Клајн-Зомер потврдува оти од високата концентрација на штетни честички во новогодишната ноќ веќе на 2 јануари малку останува од нив. А какви се податоците кога станува збор за пиротехника и за заштита на животната средина? „Секој Германец со огномет во просек произведува 25 грама јаглендиоксид, а со возење автомобил или греење 33.000 грама. Тоа значи дека новогодишната ноќ е далеку побезопасна.“

Silvesterfeuerwerk
Фотографија: picture-alliance/dpa/P.Steffen

Но, оној кој во Новата година сака да влезе водејќи сметка за заштита на животната средина, би требало да се откаже и од огнометот и едноставно да ужива во ракетите на другите. Всушност така се создава и помалку отпад.