Новозеландската премиерка роди ќерка
21 јуни 2018Реклама
Шефицата на владата на Нов Зеланд, е првата премиерка по 1990. година, која станува мајка додека е на функцијата. 37-годишната Џесинда Ардерн на Инстаграм објави фотографија со својата новородена ќерка и својот партнер Кларк Гејфорд. Ардерн, како што истакнува, повторно ќе им се врати на своите премиерски должности во август, а дотогаш ќе ја заменува вицепремиерот Винстон Питерс. Најмладата премиерка во историјата на нејзината земја за својата бременост дознала шест дена пред да ја преземе должноста. Последен пат една премиерка стана мајка во 1990. година - Беназир Буто додека ја предводеше владата на Пакистан.