Норвешка води според бројот на медали на ЗОИ
20 февруари 2014На четири дена до крајот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Сочи, Норвешка се искачи на врвот на табелата на носители на медали. Норвежаните во текот вчерашниот ден освоија уште две златни медали и ја поминаа Германија која остана на осум најсјајни одличија. Кон врвот се доближуваат и САД кои вчера се радуваа на едно прво место. Биланс на освоени медали:
1. Норвешка (9 златни - 4 сребрени - 7 бронзени) 20 вкупно,
2. Германија (8-3-4) 15,
3. САД (7-5-11) 23,
4. Русија (6-9-7) 22,
5. Холандија (6-7-9) 22,
6. Швајцарија (6-3-1) 10,
7. Канада (5-9-4) 18,
8. Белорусија (5-0-1) 6,
9. Полска (4-0-0) 4,
10. Франција (3-2-6) 11...
Вкупно 20 земји имаат освоено барем по еден златен медал, а 26 држави се освојувачи на медали.