Обама одговара прашања на „Твитер“
3 јули 2011Реклама
Обама досега има одговарано на прашања на социјални сајтови, меѓу кои и „Фејсбук“, но Белата куќа истакнува дека ова е првпат кога прашањата ќе бидат поставени на „Твитер“. Лицата кои ја водат кампањата на американскиот претседател минатата недела рекоа дека Обама почнал редовно да „твитува“. Пораките кои претседателот ќе ги праќа преку својата страница на „Твитер“ ќе бидат потпишани со „БО“.
Вака изгледа профилот на Обама на „Твитер.“
Автор: ТТ/СН/миа
Редактор: Симе Недевски