1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обиди да се политизира пресудата за Караџиќ

Самир Хусеиновиќ/сн25 март 2016

Аналитичарите оценуваат дека пресудата за Радован Караџиќ не може да влијае врз статусoт на Република Српска и оти обидите за политизација на пресудата „од двете страни ан Дрина“ се во фунција на претстојните избори.

https://p.dw.com/p/1IJph
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Lonkhuijsen

Неправосилната пресуда на Хашкиот трубинал против Радован Караџиќ предизвика бројни реакции во БиХ и во регионот и обиди за политизација. Политизирања имаше и спроти изрекувањето на пресудата во што предничеше претседателот на Репубика Српска (РС) Милорад Додик говорејќи дека „Бошњаците се подготвуваат за удари врз РС“. „некои би сакале пресудата за првиот претседател на РС, Караџиќ да има последици и за РС но РС е непореклив факт и трајна категорија и пресуда за поединец не може да ја доведе во прашање“, рече Додик.

Коментирајќи ја одлуката на Хашкиот суд, претседавачот со Претседтелството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ ги повика одговорните во државата да не ја политизираат пресудата. „Како и сите патриоти во оваа земја би сакал оваа пресуда да има некакви рефлексии кои ќе го поправат уставно-правниот поредок на БиХ, но не сум оптимист. Сметам можна е катарза на дел од населението, политичарите и лидерите во српскиот корпус пресудата да се прифати, да се соочат со неа, да произведе поинакви односи меѓу народите“, рече Изетбеговиќ.

Niederlande Radovan Karadzic vor Gericht in den Haag Überlebende und Angehörige vor dem Gericht
Фотографија: Reuters/M. Kooren

Остри тонови спроти изборите

За можни напади врз РС говореше и српскиот премиер Александар Вучиќ истакнувајќи дека „Србија нема да дозволи пресудата за Караџиќ да се искористи за политички и какви било други напади врз овој ентитет. „Србија има обврска и кон нашиот народ кој живее вон нејзините граници. Затоа ги предупредуваме оние кои мислат пресудата против некогашниот претседател на РС да ја искористат за политички и какво било друг напад врз РС и оти Србија во согласност со Дејтонскиот мировен договор не смее, не може и нема да го дозволи тоа“, рече Вучиќ.

Претседателот на Форумот на граѓани од Тузла, поранешен обвинител и судија, Вехид Шехиќ предупредува дека по секоја цена мора да се избегнат политизирањата на пресудата против Караџиќ. Во изјава за Дојче Веле, Шехиќ вели дека малку кој се занимава со суштината на одлуката, а многумина се впуштаат во расправа за „политичките последици. „Секој правник ќе ви каже дека не постои можност за искористување на оваа пресуда која има кривичен карактер за решавање на одредени политички прашања. Тоа е бегство од реалноста. Верувам дека за многумина оваа пресуда е добродојдена и оти многмина ја злоупотребуваат. Србија влегува во изборен процес, а во БиХ на есен има општински избори. Единствен мотив е собирањето гласови“, вели Шехиќ.

БиХ останува каква што е, сѐ до евентуален договор на нејзините народи

Шехиќ е категоричен во поглед на влијанието на судската пресуда за Караџиќ врз статусот на РС. „ Пресудата апсолутно не може да влијае на уставно-правниот статус на овој босанско-херцеговски ентитет, бидејќи уставно-правниот статус на БиХ е утврден во Дејтон. Дејтонскиот договор е потпишан откако беше покренато и објавено првото обвинение против Радован Караџиќ. Тоа значи дека во моментот на потпишување на Дејтонскиот договор многу домашни и меѓународни актери знаеја што сѐ се случувало во БиХ. Оној момент кога е потпишан договорот, престанаа правните можности да се дојде до деконструкција на ваквата БиХ, бидејќи станува збор за меѓународен договор. Од другастрана, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг не може да се покрене никаква постапка од една едноставна причина- РС не е држава!. Затоа уставно-правното уредување на БиХ ќе остане вакво какво што е сѐ до евентуален договор на нејзините народи и граѓани за можна поинаква државна конструкција“, вели Шехиќ.

Vehid Sehic
Вехид ШехиќФотографија: Sanel Kajan

Првиот претседател на РС, радован Караџич во првостепена пресуда е прогласен за виновен за 10 од 11 точки на обвиниението, меѓу кои се геноцид, земање заложници, убиства, терор и други воени злосторства. Осуден е на затворска казна во траење од 40 години. Обвинителството и одбраната сѐ уште се немаат изјаснето во врска со евентуална жалба на првостепената пресуда.