Обраќање на Трамп во британскиот парламент е непожелно
7 февруари 2017Претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу (насловна фотографија), стриктно се изјасни против посета на американскиот претседател Доналд Трамп на парламентарниот дом. Беркоу изјави дека, обраќање во Долниот дом не е „автоматско право, туку заслужена чест“. Тој неговото отфрлање го поврза директно со спорната забрана за влез во САД за граѓани од седум доминантно муслимански земји, изречена од Трамп.
Неочекувано вмешување
Беркоу изјави дека и пред овој декрет на Трамп, ќе се изјаснел против говор на претседателот на САД во Долниот дом на парламентот. „По стапувањето во сила на забраната по указот на претседателот Трамп, јас сум уште повеќе против тоа“, изјави Беркоу. Отфрлањето на расизмот и сексизмот како и поддршката на еднаквоста на сите пред законот и на независносто судство се основни вредности за кои се залага британскиот парламент.
Политичарот, кој како парламентарен спикер е обврзан на политичка неутралност на тој начин неочекувано се вмеша во спорот околу планираниот државен прием за Трамп во Велика Британија и со тоа истовремено ја понижи британската влада. Бркоу, исто како и премиерката Тереза Меј, ѝ припаѓа на Конзервативната партија на Велика Британија.
Петицијата против посетата на Трамп потпишана од милиони
Доналд Трамп наредбата за привременаа забрана за влез во САД за граѓаните од седумте муслимански земји како и бројни бегалци, ја потпиша на 27 јануари. Британската премиерка Меј многу воздржано го оцени декратот на Трамп и за тоа беше критикувана во Велика Британија.
Покрај тоа, таа го покани американскиот претседател во државна посета на Велика Британија. Петицијата упатена до британскиот парламент против оваа посета во меѓувреме беше потпишана од 1,8 милиони луѓе. Долниот дом на парламентот затоа мора да дискутира за иницијативата.