Бројот жртви во катастрофалните шумски пожари кај Атина се зголеми на 60 лица, според локалните власти. Грчката крајбрежна стража и воената морнарица пребаруваат по морето и брегот по луѓе, кои спас побарале во водата. Бројот на повредените постојано се искачува. На Грција ѝ е ветена помош од повеќе земји и од ЕУ.