1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Олимписки медали од мобилни телефони

ЕМФ
16 февруари 2017

Жителите на Токио ги донираат своите мобилни телефони. Од нив треба да бидат изработени медалите за Олимписките игри во 2020. година.

https://p.dw.com/p/2Xg9U
Deutschlandlabor Folge 11 Übungsbild Elektroschrott
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Steffen

Еве што велат дел од оние кои беа меѓу првите во редот за предавање на старите мобилни телефони:

„Денеска дојдов бидејќи сметам дека е одлично што мојот стар мобилен телефон ќе биде претворен во медали за Олимписките игри 2020-та.“

„Си помилив: нешто мое од дома ќе стане дел од медалите. Како жител на Токио навистина сум возбуден поради одржувањето на Олимписките игри, на кои ќе присуствувам првпат.“

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, ги објаснува причините за проектот: 

„Проектот го започнавме со цел да промовираме одржливост, како и да ја поттикнеме свеста за директно вклучување во Олимпијадата во Токио. Навистина е возбудливо што личниот мобилен телефон ќе се претвори во медали за Олимпијадата и Параолимпијадата.“

Медали направени од мобилни телефони