Опасна авантура: патот на бегалците од Сирија до Германија
Бегајќи од воените ужаси, многу сириски бегалци преземаат извонредно ризичен и долг пат до Европа, кој често ги става нивните животи во опасност. Преглед на најопасните станици на тој пат.
Сирискиот ужас
Повеќе од 240 илјади луѓе се убиени од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, а милиони ги напуштија своите домови. Очајни, многу од нив се одлучуваат со воз или пеш, често и со плаќање на трговци со луѓе, да стигнат на сигурно во Европа. На фотографијата: потрага по преживеани во Дамаск по бомбардирање од страна на владините сили.
Прва станица: Турција
Некои Сиријци кои пристигнуваат во регионот на Измир се сместуваат во хостели пред да го продолжат патот кон Европа, а повеќето мораат да живеат на улици или во паркови, како ова девојче кое спие на улица во Измир.
На пат кон Грција
Откако ќе ја напуштат Турција, бегалците се надеваат дека ќе стигнат до Европа преку Грција. На оваа офотграфија, група бегалци во гумен чамец патуваат кон островот Кос.
Кон континентална Европа
Девојче од Сирија спие под патничко седиште на траектот кој ги превезува бегалците од островот Кос кон пристаништето Пиреа. Оттаму, илјадници бегалци секојдневно го продолжуваат патот на север кон границата со Македонија.
Затворени граници
Минатиот месец Македонија прогласи вонредна состојба и најави дека ќе ја мобилизира армијата за да го спречи напливот на бегалци на својата јужна граница. Откако ќе ја минат границата на бегалците им претстои вистинска борба за да се качат во возот кој ги превезува кон Србија на станицата во Гевгелија.
Одмор во Белград
Бројот на бегалците кои поминуваат низ Македонија и Србија се зголемува. Белград често се користи како место за одмор. Според Меѓународната организација за миграции, во првата половина на 2015 година, 160 илјади бегалци минале низ земјите на Југоисточна Европа.
И Унгарија е преоптоварена
Законодавците во Будимпешта ги зголемија казните за илегално минување на границата, а полицијата постојано се судира со бегалците кои сакаат брзо да ја напуштат земјата. Унгарија тврди дека ги применува ЕУ-правилата, но илјадници бараат да бидат пуштени да продолжат натаму... кон Германија.
Топло добредојде
Илјадници бегалци пристигнаа во Австрија и Германија откако со денови беа заглавени во Унгарија. Многу жители на Минхен ги пречекаа на железничката станица и се обидоа да им помогнат колку што можат.
Бегајќи од воените ужаси, многу сириски бегалци преземаат извонредно ризичен и долг пат до Европа, кој често ги става нивните животи во опасност. Преглед на најопасните станици на тој пат.