1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан ја предизвикува ЕУ

Кено Верзек
26 септември 2018

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е огорчен откако ЕУ го активираше членот 7 против неговата земја – тоа сосема совршено се вклопува во неговата политичка стратегија и му доаѓа во право време.

https://p.dw.com/p/35VxT
Europäisches Parlament in Straßburg | Viktor Orban, Premierminister Ungarn
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J.F. Badias

Видео објавено од владата на Виктор Орбан предизвика бранувања во Унгарија. Тоа е извик на бес против Европскиот парламент придружуван со драматична музика во позадина. „Не потпаѓајте на уцени" вели насловот на клипот, „Да ја заштитиме Унгарија!".

повеќе: Долго очекуван црвен картон за Унгарија

Клипот кој трае 25 секунди е одговорот на Будимпешта до Европскиот парламент за извештајот на Саргентини кој беше одобрен со двотретинско мнозинство на 12 септември. Во извештајот се обвинува Унгарија за сериозно прекршување на владеење на правото и служеше како основа за тековниот процес на активирање на членот 7 против државата.

повеќе: ЕП бара „нуклеарна опција“ против Унгарија

„Мнозинството во ЕП кое е за поддршка на имиграцијата сака да нѐ замолчи бидејќи ние си го штитиме нашиот дом и Европа со ограда", се вели во видеото. Се појавуваат и непријатни фотографии од двајца парламентарци, членот на холандските Зелени, Јудит Саргентини и белгискиот либерал, Ги Ферхофстат. Во позадина има замаглена слика од американскиот милионер со унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Deutschland Berlin Viktor Orban und Angela Merkel
Кампања на владата на Орбан против МеркелФотографија: Reuters/A. Schmidt

Агресивна кампања

Видеото е дел од актуелната кампања на владата на Виктор Орбан, која во моментов се емитува на сите провладини медиуми во Унгарија. Во рамките на кампањата владини политичари речиси секојдневно остро ги напаѓаат сите наводно антиунгарски држави и шефови на влади на ЕУ, пред сѐ францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Орбан дури и лично ја обвини Меркел дека сака да ѝ ја одземе на Унгарија заштитата на нивните граници. Историчарката Марија Шмит, која му е главен поддржувач, пишува дека канцеларката сака да го комплетира планот на царот Вилхелм и Хитлер за германизација на Европа.

повеќе: Орбан во контранапад

Оваа агресивна кампања против извештајот на Саргентини и активирањето на членот 7 всушност доаѓа во вистинско време за Орбан, и сосем совршено се вклопува во неговата политичка стратегија. Долгорочна цел на Орбан е ЕУ која функционира исклучиво само како економска унија – во која за работи како владеење на право ќе си одлучуваат самите земји членки. До таа мера што Орбан успешно ја користи темата миграција во домашната изборна кампања за да се задржи на власт. Тоа е доминантна социјална тема во земјата, на која тој се надева дека уште долги години ќе поентира.

Орбан ја претстави дебатата во ЕУ за Унгарија, како „освета на Брисел" поради неговата антимиграциска политика. Опасноста од миграцијата, вели Орбан исто така ќе биде во центарот на изборната кампања за Европскиот парламент, премиерот се надева дека ќе бидат надгласани, како што вели „левичарско – наклонетите либерали кои се за про-имиграција" кои сега се мнозинство во ЕП. При тоа фер е досега невидените антиевропски тонови да се интерпретираат како отворен предизвик за ЕУ.

Рамо до рамо со десничарите?

Формално, Орбан и неговата партија Фидес се дел од кампањата на Европските избори како членови на десно – централната Европска народна парија ЕНП. Орбан инсистира неговата партија да остане член на ЕНП, но сака да воспостави коалиција околу неговата рестриктивна антиимиграциона политика. Во исто време сѐ уште трае дебатата внатре во ЕНП околу исклучување на Фидес.

EU-Parlament für Sanktionsverfahren gegen Ungarn
Европратениците се изјаснија за санкционирање на УнгаријаФотографија: Reuters/V. Kessler

Практично, Фидес предизборната кампања ќе ја води рамо да рамо со други десно-популистички и националистички партии и струи во Европа. Понуди за соработка дадоа речиси сите важни сили од десницата од австриската ФПО до италијанската Лега Норд. Орбан најави дека во случај на исклучување на Фидес ќе работи на партиска коалиција која е против миграција и доселеници и дека има добри лични релации со политичари како Герт Вилдерс, Стив Бенон или Матео Салвини.

повеќе: Дебата за миграцијата во ЕУ: Напред во последна битка!

Премиерот на Унгарија сепак може да забележи мал успех против Брисел на самиот почеток на кампањата за европските избори, со тоа што владите и најголемите партии од Вишеградската група – во која покрај Унгарија се и Полска, Чешка и Словачка најавија дека нема да ја поддржат постапката според членот 7 против Унгарија. Слични одлуки би можеле да паднат и во Романија, Бугарија и Хрватска. Барем еден значителен дел од владиниот блок на овие земји во ЕП гласаа против извештајот на Саргентини. Полска веќе се соочува со постапка според истиот член, а во останатите земји, како на пример, Романија, со право се плашат дека може да ги снајде истото. На Орбан му е јасно дека постапката според членот 7 против Унгарија речиси и да нема шанси, бидејќи за да се наметнат санкции и да се одземе правото на глас мора да се постигне консензус во Советот на Европа, што досега не се случило. Сепак би било голем успех за Орбан, ако постапката пропадне уште во оваа фаза, за што не можеле да се обезбедат четири – петини мнозинство во Советот на Европа за да се отпочне со истото. За тоа да се случи потребно е минимум 6 земји да гласаат против. Нејасно е колкави се изгледите за тоа, но ако тоа се случи, Орбан на долг рок се одбранил од постојаните напори на ЕУ од 2010 наваму, Унгарија да ја вратат на патот на правната држава. Тоа би бил засега неговиот најголем успех во борбата против Брисел.