1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Офанзивата во Мосул не решава ништо

Керстен Книп
17 октомври 2016

Борбата против „Исламската држава“ би можела да заврши во Мосул. Но, тоа може да биде и само почеток, коментира Карстен Книп

https://p.dw.com/p/2RIHq
Irak Mossul Kampf gegen IS
Фотографија: Reuters/A. Rasheed

Садам Хусеин никогаш не ги сакаше Шиитите. Дури ни кога беше дете во Тикрит, каде луѓето често говореа лоши работи за нив. Беа сметани за потенцијални предавници, многу повеќе лојални кон Иран, најсилната шиитска земја во регионот, одошто кон сопствената земја.
Подоцна во 1980-те, кога Хусеин ја предводеше својата држава во осумгодишната војна со Иран, мораше да се справува и со многу Шиити кои и се противеа на владата- најава за отвореното востание кое ќе избувне во 1991 година, по неуспешната инвазија на Кувајт. Во тоа време, САД го охрабруваа востанието. Но кога Хусеин ги испрати своите трупи да го задушат востанието, американскиот претседател Џорџ Буш одби да интервенира. Поради тоа, илјадници Шиити беа раселени, убиени или ограбени. Тоа продолжи во текот на 1990-те, за на крајот, интервенцијата на САД во 2003 година на Шиитите во Ирак да им заличи како ослободување.
Задоволството беше големо кога во 2006 година, едниот од нив- Нури Ал Малики стана премиер. Тој веднаш започна да им се заканува на Сунитите. Единствениот начин да се одбранат за Сунитите беше да побараат заштита, најпрво од Ал Каеда, а подоцна и од ткн. Исламска држава. Џихадистите на ИД станаа толку моќни што успеаја да ја освојат и метрополата Мосул во 2014 година и тоа речиси без отпор, што беше шок за целата земја.

Мрачна иднина

Шиитите реагираа со формирање на сопствените „Народни мобилизациски сили“. Овие единици денес стојат заедно со ирачките воени трупи пред портите на Мосул, со намера да го освојат градот. Но, тие не се таму само за да и помогнат на ирачката армија, туку, можеби и пред сѐ, да го прошират влијанието на Шиитите во овие региони кои некогаш беа под нивна доминација.
Оваа долга историја на насилство укажува на иднината на Ирак. И притоа, не укажува на ништо добро. Всушност, укажува на нешто многу лошо. Бројните бригади кои Шиитите ги испратија во битката за Мосул не делуваат нималку помалку заканувачки од борците на ИД. А воените злосторства кои ги вршат врз сунитските цивили не се ништо помали од оние на ИД.

Knipp Kersten Kommentarbild App
Керстен Книп

Непријателски менталитет

Обете групи, сунитските џихадисти и шиитските милиции, со сите сили сега се трудат да воспостават логика на политички злоупотребена верска жртва како визија за иднината. Ирак е најдобриот пример за тоа како долготрајното насилство може да ја уништи цивилизираноста. Последица од режимот на смртта на Садам Хусеин, како и на инвазијата на САД во 2003, кои доведоа до брутализација на големи сегменти на ирачкото општество и го втурнаа во менталитет на пријател против непријател по линиите на поделбата.
Денеска е речиси и никој не се сеќава дека оваа земја, во која денес доминираат фундаменталистички скадрони на смртта, беше дом на просперитетен и инклузивен политички спектар до пред само половина век. Тие денови одамна се минато. 

Брутализирано општество е зависно од соодветна идеологија. Во случајот на Ирак тоа значи фундаменталистички монотеизам натопен со фантазии за уништување. Таквите идеологии им дозволуваат на спротивставените групи да ја затворат вратата за било каков компромис, од името на единствената вистина вера. „Ние или тие“, тоа е логиката на оние кои го извлекоа единствениот можен заклучок од насилното минато на нивната земја: Политика на сѐ или ништо, затоа што компромисот е знак на слабост.
Борците се собираат во Мосул. Тие ќе мораат да продолжат да се борат за мир сѐ додека не прифатат да се соочат со далеку поголем предизвик од самата битка: промена на нивната политичка култура. Тоа ќе биде најголемиот триумф на Ирачаните на сите времиња, со последици кои ќе досегнат далеку над границите на нивната земја.