Папа: Православието ни‘ е теолошки најблиско
25 септември 2011Човекот има од господ дадена слобода да избира меѓу доброто и злото, рече папата Бенедикт Шеснаесетти пред околу 100.000 луѓе собрани на мисата под отворено небо денеска (25.09) во Фрајбург. Тој предупреди на опасноста од настапување на „верска рутина“ во црквата. „Не се важни зборовите, туку делата“ нагласи Бенедикт 16. На третата и последна голема миса во Германија за време на неговата четиридневна посета, папата изрази увереност дека црквата во Германија ќе одгoвори на големите предизвици на сегашноста и иднината.
Папата кој денеска се враќа во Рим, вчера, меѓу другото, имаше средба и со претставници на Православната црква во Германија. „Меѓу христијанските цркви и заедници, православието теолошки ни‘ е најблиско“, изјави тој.
Автор: ЕМФ/дпа
Редактор: А. Трајковска