1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папа Франциско: Актуелните конфликти можат да доведат до Трета светска војна

Александар Методијев/дпа/дв13 септември 2014

Првиот човек на католичката црква оддаде почит за жртвите од Првата светска војна, по повод 100 години од ова случување и предупреди од Трета светска војна, поради актуелните конфликти во светот.

https://p.dw.com/p/1DBoT
Фотографија: Reuters/S. Rellandini

Папата Франциско ги осуди оние кои сакаат да профитираат од конфликти. Тој денеска ја повика меѓународната заедница со посилна колективна акција да спречи војна и тероризам. Зборувајќи на гробиштата во Редипуља, во близина на италијанската граница со Словенија, папата не посочи ниту еден лидер или некоја нација, но предупреди дека малку видливи сили создадоа услови за воен конфликт.

„Во денешниот свет, зад сцената, има интереси, геополитички стратегии, желба за пари и моќ, а постои и производството и продажбата на оружје“, рече папата пред, според информациите на „Радио Ватикан“, 200.000 илјади лица од Италија, Словенија и Хрватска, кои се собраа на гробиштата каде се погребани повеќе од 100.000 италијански војници, кои загинале во Првата светска војна.

„Дури и денес, по секој неуспех за уште една светска војна, веројатно некој може да зборува за трета војна со злосторства, масакри, уништување“, рече понтифот. „Овде, на ова место, можам да кажам само една работа – војната е лудило“, додаде папата.

Тој побара од луѓето да покажат поголемо сочувство со оние кои страдаат во моментот, поради конфликтите во светот. Тој побара да се стави крај на конфликтите на Блискиот Исток, Украина и во другите делови од светот.