1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата предупредува од „демографска зима“ во Европа

БГ/ ДВ
5 мај 2019

Папата од Софија предупреди дека врз Европа се спушта „демографска зима како ледена завеса“. Повика да се примат добронамерните мигранти

https://p.dw.com/p/3HxYU
Bulgarien Besuch von Papst Franziskus und Präsident Rudev
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Папата Франциско денеска во Бугарија ја започна тродневната балканска турнеја во рамките на која во вторник ќе ја посети и Северна Македонија.
Франциско денеска се сретна со патријархот Неофит во седиштето на Светиот синод, а потоа се молеше сам во православната црква. Бугарската православна црква претходно одби заедничка молитва со Папата.
На средбата со владини претставници, Франциско ги повика Бугарите да ги отворат своите срца и домови за „добронамерните мигранти“ и да сфатат дека тие бегаат од војна и сиромаштија „со цел да најдат нови можности во животот или едноставно безбедно засолниште“.
„На сите Бугари кои ја сфаќаат драмата на емиграција, со почит им укажувам: не ги затворајте очите, срцата и рацете- во согласност со вашата најдобра традиција- на оние кои ќе тропнат на вашите врати“, изјави Франциско во претседателската палата во Софија.
„Вашата земја отсекогаш беше мост меѓу истокот и западот“, додаде поглаварот на Католичката црква, алудирајќи на бегалската криза во која милиони луѓе од Блискиот исток и северноафриканските земји бараат прибежиште во Европа.
Но во Бугарија постои голем отпор кон бегалците. Централно-десничарската коалициска влада вклучува и три националистички, анти-мигрантски партии, и веќе ја затвори границата кон Турција со ограда од бодликава жица.
Во истовреме, населението во земјата се намалува. Според ОН, се очекува актуелното население од 7 милиони да се намали на 5,4 милиони до 2050 и 3,9 милиони до крајот на векот. Аналитичарите велат дека на Бугарија ќе и биде потребна засилена имиграција за да ја стабилизира својата економија.
Алудирајќи на проблемот со наталитетот, папата на бугарските претставници им порача дека „треба да се справат со она што се нарекува нова зима: демографска зима која се спушти како ледена завеса врз голем дел на Европа“.

Papst Franziskus trifft bulgarischen Premierminister Boyko Borissov
Бугарскиот премиер Бојко Борисов и Папата ФранцискоФотографија: picture-alliance/E. Vandeville

Деликатни односи

Франциско е вториот папа кој ја посетува Бугарија по Јован Павле Втори во 2002, во обид да изнајде патишта за дијалог со Православната црква, чии односи со Католичката црква не се особено топли.
Понтифот изјави дека „раните“ од поделбата предизвикана од 1.000 годишната шизма во христијанството ќе бидат зацелени „со помош од Бога, и со тек на времето, овие контакти ќе имаа позитивен ефект врз многу други димензии на нашиот дијалог“.