Папата и муслиманите
17 октомври 2006етер Филип
Дијалог на срцата и духот, е насловот на понудата на 38 водечки преставници на Исламот, адресирана до христијаните. Во отворено интернет писмо до Папата Бенедикт 16, потписниците, меѓу кои се наоѓаат муфтии од девет муслимански држави, религиски учители од десет земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Иран, сугерираат дека треба да се огради од како што го нарекуваат “уличниот бес“ и со почит и разбирање да се пристапи кон еден меѓусебен и отворен дијалог.
Само огорчените противници на Исламот тврдат дека меѓу Муслиманите нема подготвеност за таков дијалог. Тука не станува збор за некаков поединечен нов став. Бидејќи самиот факт дека меѓу потписниците на заедничкиот став се наоѓаат умерени верски преставници од различни земји, Иран, Мароко, Косово, Малезија, Турција или Русија, зборува за една новина во меѓурелигиската комуникација.
До сега таквита гласови на разум беа само поединечни и набргу ги снемуваше во општиот жагор и незадоволство, кое ги користеа фанатиците и нивните следбеници, и исламскиот свет масовно и целно го изведуваа на улица. Неизвесно е какво дејство ќе предизвика писмото на 38 те верски великодостојници и во колкава мера тоа ќе претставува против тежа, токму на тие фанатици.
Ќе беше подобро и покорисно доколку писмото не беше објавено на само една интернет страница, туку и пошироко и во земјите од каде потекнуваат и неговите потписници. Писмото е упатено до Папата, но во исто време тоа е порака и за муслиманите ширум светот. Без разлика на државата во која тие живеат и вечната конкуренција меѓу Сунитите и Шиитите. Барањето или понудата за дијалог во никој случај не смее да се посматра само врз теолошка основа. Бидејќи не станува збор само за разбирање меѓу двете страни околу религиозните и теолошки прашања, туку пример кој треба да биде прифатен кај народот, како исламскиот така и христијанскиот. На пример за тоа што едните не го знаат за другите, од што тие стравуваат и на крај за што треба да полемизираат.
Токму заради тоа писмото е како општествен така и политички апел за неопходноста за дијалог и кај двете страни. Таквиот дијалог на христијанскиот запад беше баран уште по 11 септемвр. Меѓутоа тој беше посматран како ништо повеќе од барање кон муслиманскиот свет. Сега, се отиде и чекор подалеку. Но и покрај вистинскиот наплив од такви манифестации под назив дијалог меѓу христијанскиот и исламскиот свет, и натаму се зборува без слух кон другите. Муслиманскиот свет мора да признае дека со својата неединственост им одат од рака на критичарите на христијанската страна, додека христијанскиот свет од друга страна испраќа апели без и самиот нешто да нуди. Писмото од 38 те е конкретна понуда, која треба да се свати сериозно и детално да се разгледа и тоа не само Папата до кого е адресирана, туку и обичните луѓе во Франкфурт, Лондон или Исламабад