1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата се збогува од верниците

АТ/ дпа/ епд/ афп28 февруари 2013

Денеска официјално завршува понтификатот на папата Бенедикт Шеснаесетти. Претходно „Бенедето“ на последната генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар од Рим се збогуваше од верниците.

https://p.dw.com/p/17nTZ
Фотографија: DW/B. Riegert

Денеска вечер (28.02) возбудата околу последните денови на папата Бенедикт Шеснаесети ќе биде минато. Тогаш 85 годишниот папа со хиликоптер ќе биде одведен во летната резиденција Кастел Гандолфо. Околу 17 часот и 30 минути е планирано збогување на папата со верниците во диоцезата Албано пред ложата на резиденцијата Кастел Гандолфо. Со официјалниот крај на понтификатот во 20 часот, швајцарската гарда ќе ја прекине својата „јавна служба“ за папата. Безбедноста на Бенедикт меѓутоа е гарантирана, жандармеријата ќе продолжи да го обезбедува.

Последен поздрав

На последниот јавен настапа на папата Бенедикт Шеснаесетти, според проценките присуствуваа околу 150.000 луѓе. Верниците вчера (27.02) го поздравија поглаварот на римокатоличката црква при неговото пристигнување на плоштадот Свети Петар. Возејќи се во отворен автомобил, папата ги отпоздрави верниците. Тој постојано благословуваше деца и бараше контакт со верниците. Многумина во рацете држеа знамиња и плакати со благодарност. На генералната аудиенција пристустуваа и голем број кардинали.

Во неговиот последен јавен говор папата Бенедикт Шеснаесетти им се заблагодари на верниците. „Господ и црквата им ги доверувам на целиот свет“, рече папата, кој се заблагодари и за почитта и разбирањето кои ги добил откако на 11. февруари годинава најави дека се повлекува од Светата столица. Одлуката ја донел за доброто на црквата. Нему му е јасно колку е „важна и невообичаена“ оставката, рече папата, кој е првиот поглавар на римокатоличката црква од средниот век до денес, кој се повлекол од функцијата на папа, пред да почине.

Ватикан го планира времето по Бенедикт Шеснаесетти

Во Ватикан со полна пареа течат подготовките за Конклавата за избор на нов поглавар на црквата. Најрано на почетокот на наредната недела во Рим ќе е одржи собирот на кардинали да за го подготват изборот на папата во март и да одлучат за почетокот на Конклавата, изјави портпаролот на папата, Фредерико Ломбарди.

Papst Benedikts letzter großer Auftritt
Фотографија: GABRIEL BOUYS/AFP/Getty Images

По неговата оставка досегашниот папа според Ломбарди, ќе ја носи титулата „Римски Папа Емеритус“. Но, на Јосеф Рацингер и натаму ќе може да му се обраќаат со „Ваша светост“. И во иднина 85 годишникот ќе смее да ја носи белата боја, бојата на папите.

На 11. февруари 2013 папатата Бенедикт Шеснаесетти ненадејно најави дека на крајот од месецот ќе поднесе оставка. Овој чекор го образложи со губење на силата.