Папата се извини за гревовите на католичките свештеници
19 јули 2008Реклама
Поглаварот на римокатоличката црква на миса во Сиднеј јавно проговори за скандалот кој ја тресе католичката црква во Австралија. Пред бискупите и учениците се извини за сексуалната злоупотреба на малолетници што ја извршиле австралиски католички свештеници.
„Се срамам поради тоа и навистина, длабоко ми е жал поради патењето и болката кои ги доживуваат жртвите. Ги уверувам дека ја делам со нив и болката и патењето“, рече папата во текот на мисата во катедралата Света Марија во Сиднеј.Тој додаде дека виновните мора да бидат казнети. Според податоците на локалното здружение за помош на жртвите, австралискиот суд до сега осудил 107 католички свештеници за силување или сексуална злоупотреба, а за некои случаи се уште се води судска постапка.