Патници спиеја на аеродром, синдикатот и Луфтханза се надмудруваат
1 септември 2012Сепак, поради штрајкот денеска отпаднаа речиси 20 летови. Околу 350 патници ја минаа ноќта меѓу петокот и саботава на транзитниот дел на аеродромот, бидејќи не’ можеа да влезат во Германија без виза. „Ние ги снабдивме нив со пијалоци и храна“, додаде портпаролот. Останати патници беа сместени во хотели.
Поради спорот околу тарифниот, односно колективен договор вчера беа откажани стотици летови во Германија и низ Европа. Луфтханза информираше за 190 откажани летови. Решение за спорот околу колективниот договор не е на повидок. Штетата од штрајкот се изразува во милиони евра.
Двете страни денеска побараа едни од други да се направи следниот чекор. Синдикатот бара пет проценти поголеми плати, како и ставање крај на привремените вработувања и заштита од преселување на дел од компанијата во странство. Луфтханза нуди зголемување на платите од 3,5 проценти, со што го повикува синдикатот да се врати на преговарачката маса.
Со штрајкот беа погодени вкупно 26.000 патници. Синдикатот УФО, кој претставува две-третини од кабинскиот персонал на Луфтханза, информираше дека учеството во штрајкот било „многу големо“. Синдикатот сепак го откажа осумчасовниот штрајк, со образложение дека преговорите се’ уште се водат. Според синдикатот, во минатите три години немало зголемувањео на платата.