Пекинг во делумна изолација поради коронавирусот
17 јуни 2020По појавата на нови кластери на заразени од коронавирусот, ситуацијата во Пекинг останува напрегната. Како што јави здравствената комисија на Пекинг, во градот биле регистрираби уште 31 инфицирано лице.
Со тоа од четвртокот наваму веќе се потврдени 137 нови случаи на Ковид-19 во 20-милионската метропола. Претходно,повеќе од два месеца, во Пекинг немаше заразени од коронавирусот.
Во цела Кина пак во последните 24 часа се потврдени 44 нови случаи. Во оваа бројка се вклучени и случаите од Пекиннг. 11 од новоинфицираните се патници, кои се вратиле во Кина од странство.
Повеќе:
-Кина: Враќање во кризниот режим
-Ново жариште на корона во Кина, изолирани делови од Пекинг
Како реакција на новото избувнување на вирусот, властите прогласија втор највисок степен на тревога. Со тоа делумно го изолираше Пекинг. Летовите од и до главниот град се драстично намалени. Најмалку 1.250 летови беа откажани во кинеската престолнина , односно околу 70 проценти од сите планирани летови.
Забрана за патување за ризичните региони
Жителите на населбите во Пекинг каде ризикот е оценет како „среден“ или „висок“, повеќе не смеат да го напуштат градот, со цел да се спречи ширење на нови инфекции во другите делови на земјата. На сите останати жители на Пекинг им е дозволено да патуваат само доколку можат да достават негативен тест на коронавирусот. Училиштата веќе претходно беа затворени . Во другите кинески градови пак е воведена обврска за карантин за патниците од Пекинг.
Властите веќе во изминатите денови започнаа со целосно изолирање на неколку населби во Пекинг. Речиси 30 станбени населби во градот со 21 милион жители беа ставени во карантин. Десетици илјади луѓе се тестираат на вирусот. Властите сметаат дека новата појава на заразата потекнува од пазарот Синфади, кој според нивните информации од 30 мај до денеска го посетиле околу 200.000 луѓе.