1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пеколни страдања на жените и децата во Хомс

ЖА/дпа/ртре/кна3 август 2013

Состојбата на илјадници жени и деца во сирискиот град Хомс, упориште на бунтовниците, станува се‘ подраматична: постојано се случуваат ракетни напади, недостигаат основните прехранбени продукти. УНИЦЕФ вклучува аларм.

https://p.dw.com/p/19JIX
Фотографија: UNICEF/NYHQ2012-0206/Romenzi

УНИЦЕФ денеска изрази загриженост за судбината на децата и жените во централниот сириски град Хомс, апелирајќи до бунтовниците и владините сили да овозможат пристап до околу 400 илјади цивили во градот кој е отсечен од светот.

„Положбата на жените и децата во сирискиот град Хомс забрзано се влошува“, истакнува Фондацијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) во соопштението и додава дека „новите барикади го попречуваат снабдувањето со храна“ во квартот Ваер, во западниот дел од Хомс.

Околу 400 илјади луѓе од другите делови на градот се засолнале во населбата Ваер и сега живеат во „недовршени згради, училишта и јавни установи“ изјави Ентони Лејк, генералниот директор на УНИЦЕФ. Тој ги повикува „сите страни во конфликтот на семејствата коишто се моментално блокирани во Ваер и сакаат да заминат од таму, без одлагање да им го дозволат тоа да го сторат во целосна безбедност“.

Повеќе од 100 илјади луѓе загинале во судирите во Сирија коишто започнаа во март 2011 година, поттикнати од т.н Арапска пролет со која беа соборени децениските режими во Тунис, Либија и Египет. Истовремено над милион цивили, од кои речиси 75 отсто се деца и жени, ги напуштија своите домови пред бруталната граѓанска војна, проценуваат во ОН.

Syrien Krieg Bürgerkrieg Assad-Regime Armee Truppen Militär Homs 27.06.2013
Хомс станува неиздржлив за животФотографија: Reuters

Еврокомесарката за хуманитарна помош Кристалина Георгиева пак предупреди од геноцид во Сирија. „Никој не треба да се чуди ако во Сирија се случи следната Сребреница или Руанда“, вели таа во саботното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Граѓанската војна стана машинерија за убивање, чија најголема жртва се децата“, истакнува Георгиева. Европската комисија исто така апелира да се овозможи пристап до цивилите и да се спречи хуманитарната катастрофа, која светот, односно Советот за безбедност на ОН ја следи со несфатлива индиферентност, без да успее да најде решение, како што резигнирано обвинува Георгиева.