Пет милиони Американци останале без здравствено осигурување
14 јули 2020Бројката е за околу 40 проценти повисока од досегашниот рекорд од 3,9 милиони здравствено неосигурани возрасни луѓе, забележан во 2008/2009 година, за време на финансиската криза, покажува студија на невладината организација „Фемилис УСА", објавена синоќа.
„Ова е најлошата економска рецесија по Втората светска војна", изјави Стен Дорн, раковидител на студијата. Тој ги повика политичарите при следниот пакет мерки за корона-помош да ја земат во предвид и да ја затворат оваа огромна дупка во здравствената заштита.
Студијата ги опфатила бројките за последиците на пандемијата на коронавирус врз економијата од сите американски сојузни држави, вклучувајќи ги тамошните отпуштени возрасни луѓе под 65- годишна возраст.
Повеќе:
Ковид-19: Ситуацијата во САД „навистина не е добра“
Доналд Трамп е во криза, но изборите се далеку
САД: Нов корона-рекорд спроти Денот на независноста
Наодите на студијата веројатно дополнително ќе ја разгорат дебатата во Конгресот на САД околу мерките за помош во кризата со коронавирус, истакнува весникот „Њујорк тајмс" во вчерашниот извештај. Освен тоа, констатира весникот, темата здравствено осигурување веројатно ќе игра поголема улога во изборната кампања пред претседателските избори на 3 ноември.
Речиси половината вработени во САД, според студија на Институтот за економска политика од април, имаат здравствено осигурување преку своите работодавачи и заедно со работата го губат и здравственото осигурување. САД се практично единствени од развиените индустриски земји без сѐопфатно државно здравствено осигурување.
Пред заострувањето на состојбата со пандемијата, во САД во април стапката на невработеност изнесуваше околу 3,5 проценти, што е најниска вредност во последните децении. Но, по избувнувањето на пандемијата, многу продавници и претпријатија мораа да затворат. Преку 45 милиони луѓе барем привремено ги загубија работните места, рекорден број за толку краток временски период. Квотата на невработеност од 13,3 проценти во мај, минатиот месец се спушти на 11,1 процент. САД имаат вкупно околу 330 милиони жители.