1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плановите за штедење на Пентагон ја погаѓаат Германија

28 јануари 2012

САД морат да штедат, и тоа и го прават пред се’ кај војската, што има влијание и врз базите во Германија. Наскоро ќе бидат повлечени борбените биргади од покраините Баварија и Рајлнад Фалц.

https://p.dw.com/p/13sKZ
Фотографија: dapd

Една од борбените бригади стационирани во Европа треба да биде распуштена веќе следната година, наредната ќе следува во 2014 година, појасни началникот на здружените сили на американската војска Реј Одиерно во Вашингтон. За кои бази конкретно се работи, генералот не прецизираше. Американската армија во Европа меѓутоа такви борбени бригади има само во Графенвер во Баварија и во Баумхолдер во Рајнланд Фалц. Во овие две касарни според портпарол на американската армија има по околу 3800 војници.

Во Европа би останеле само уште две бригади, една во Вилсек во Баварија и една во Виченца во Италија. Официјално плановите за повлекување, според Одиерно ќе бидат објавени во наредните недели. Според бројките на Пентагот од септември 2011 година армијата на САД во Европа има стационирано речиси 81.000 војници.

Кратења во буџетот на армијата

Причината за плановите за повлекување се кратењата на американскиот буџет за одбрана во висина од милијарди, како и планираната реорганизација на војската. Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на јануари претстави нова одбранбена стратегија, во која тежиштето се префрлува во азиско-пацифичкиот регион. Со оглед на големите долговои на САД, нивниот воен буџет во наредните десет години треба да биде скратен за околу 450 милијарди долари.

Grafenwöhr / US-Armee / Militär / USA
Американски војници во Графенвер - БаваријаФотографија: dapd

Бројот на војниците треба да биде вкупно намален за 100.000, соопшти министерот за одбрана Леон Панета мината недела. Целта е и покрај плановите за штедење,САД да остана водечка воена сила во светот, подвлече Панета. Меѓутоа критиката од страна на опозицијата не изостана: плановите ги враќаат трупите на ниво како пред терористичките напади од 11 септември и ги изложуваат САД на опасности, уверени се водечки Репбликанци.

Baumholder / US-Armee / Abzug / USA
Базата во Баумхолдер - Рајнланд ФалцФотографија: dapd

Загриженост и надеж во Германија

Министерството за внатрешни работи на покраината Рајнланд Фалц соопшти дека покринската влада очекува базата Баумхолдер да не биде целосно затворена. Имено во местото живеат околу 13.000 Американци, војници со семејствата и цивили, а само 4.000 Германци. Исто така и во баварскиот Графенвер луѓето стравуваат за економската иднина „ Ќе не погоди силно, ако се повлечат бригатите, исто и од економски апсект“, изјави градоначалникот Хелмит Вехтер. Но, по се’ изгледа постојат планови да се задржи центарот за обука во Графенвер, а можно е и прераспределување на американски единици од други бази во Германија.

Автор: КВ/ АТ/ СН/ дапд/афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема