Плаќањето во кеш да се укине?
4 април 2016Околу банкнотата од 500 евра има различни ставови. Кој може да си дозволи да плаќа со ваква банкнота и пред сѐ - што може да плати со неа? Тоа мириса дубиозно, полумрачно, криминално - беше заклучено неодамна во раководните структури на Европската централна банка.
Оттука, Советот на ЕЦБ се заложи за укинување на банкнотата од 500 евра, за да се отежне перењето пари, корупцијата и финансирањето на теророт.
И германската влада се надева дека нејзиниот план за забрана на банкнотата од 500 евра ќе го донесе тоа. Профитери од ваквата идеја би можеле да бидат технолошки фирми како Самсунг или Епл, кои сакаат да придобијат повеќе корисници на нивните смартфон-системи за плаќање.
Меѓутоа, причина за ваквото ограничување на плаќањето во готово, или дури и неговото укинување, може да биде и друга. Имено, ако Европската централна банка и натаму ги намалува своите камати и ако со тоа чувањето пари во банка почне да чини пари, би можела да почне трка на банкарските шалтери по готовина. Ако готовината биде укината, тогаш не би имало ваков проблем. Но, во Германија има жесток отпор на планираните ограничувања. А, за укинување не е ниту претседателот на Бундесбанката, Јенс Вajдман.