1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа за Чавез

16 август 2004

Оспоруваниот претсетдател на Венецуела Хуго Чавез извојува победа на референдумот и останува на својата функција.

https://p.dw.com/p/Ad6r
Хуго Чавез претседател на Венецуела
Хуго Чавез претседател на ВенецуелаФотографија: AP

На референдумот за симнување од власт на претседателот Хуго Чавез според податоци на државната изборна комисија 58,25 проценти од избирачите гласале тој да остане на функцијата, а 41,74 проценти се изјасниле против шефот на државата. Рокот за гласање неколкупати беше продолжуван поради неочекувано големото учество на граѓаните. Претседателот Чавез кој на функцијата ќе остане до 2006 година истакна дека ова е голема победа. Во текот на ноќта пред претседателската палата во Каракас приврзаниците на претседатлот ја славеа победата, во неговиот прв говор тој рече:

“Со тоа што ќе се заблагодариме кај Господ, молам да се молите за Господ, за да се заблагодариме кај Господ за оваа чиста, транспарентна и убедлива победа на народаот на Венецуела.”

Неговите противници, на претседателот му префрлуваат корупција и неуспех во економијата. Опозицијата смета дека изборите се фалсификувани и најави дека нема да го прифати резултатот. Во Каракас имало и неколку насилни инциденти.

Како последица на исходот од референдумот ,опадна и цената на нафтата. Чавез претхотно потврди дека неговата влада гарантира стабилен пазар на нафтатат. Венецуела е петиот по големина светски извозник на нафта.