1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на „кадифената револуција“ во Ерменија

ЖА / агенции
8 мај 2018

Ерменскиот парламент го избра опозицискиот водач Никол Пашинјан за нов премиер, ставајќи крај на повеќенеделната политичка криза во земјата.

https://p.dw.com/p/2xM12
Armenien Parlament stimmt erneut über Ministerpräsidenten ab
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass/A Geodakyan

Никол Пашинјан со недели ги предводеше мирните улични протести, насочени против корупцијата и непотизмот  во Ерменија. Демонстрациите предизвикаа повлекување на премиерот Серж Саркисјан, а сега неговата функција ја презема Пашинјан.

Првиот обид за негов избор во Парламентот пред една недела доживеа неуспех, поради отпорот од мнозинската владејачка Републиканска партија. Поради тоа Пашинјан ги повика своите следбеници на повторни масовни протести и генерален штрајк. Пред вториот обид за гласање во парламентот, пратениците од Републиканската партија најавија дека ќе се изјаснат во прилог на Пашинјан, како што соопшти партискиот шеф Едуард Шармасанов.

Повеќе: 

Ерменија на нозе - отпорот продолжува

Кво вадис Ерменијо?

Новиот премиер не планира учество во својот кабинет на богати бизнисмени, што беше претходна практика. Сепак, можно е да остави на функции одреден број од министрите на Републиканската партија Претседателот Армен Саркисјан изјави дека Ерменија треба да го користи ентузијазмот во земјата и позитивната слика во странство со која се здоби поради мирните протести. 

Armenien Parlament stimmt erneut über Ministerpräsidenten ab
Приврзеници на Пашинјан пред зградата на параламентот во ЕреванФотографија: Getty Images/AFP/S. Gapon

Ерменија, која има само три милиони жители, се наоѓа во политички нестабилно опкружување во Јужен Кавказ: таа е во непријателски односи со соседите Азербејџан и Турција и зависна од Русија како свој заштитник. Москва пак ги сузбива т.н. шарени револуции на територијата на поранешниот Советски Сојуз преку притисок на масите на улиците. Во случајот со Ерменија, Москва се ограничи на соопштението дека во билатералниот сојуз ништо нема да се менува - Пашинјан ќе ги продолжи тесните релации со Русија.