1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на портокаловата револуција во Украина

4 декември 2004

Актуелниот премиер на Украина Виктор Јанукович ќе излезе на повторениот втор круг на претседателските избори.Тој го критикуваше Врховниот суд дека одлуката за повторување само на вториот круг, а не на целите избори, ја донел под притисок на двонеделните демонстрации.

https://p.dw.com/p/Ad04
Голема радост на приврзаниците на опозицијата во Киев
Голема радост на приврзаниците на опозицијата во КиевФотографија: AP

Со вчерашната одлука за поништување на вториот круг поради изборни манипулации, судиите ја прифатија тужбата на опозицијата. Како нов термин за излегување пред бирачките кутии, Врховниот суд го назначи 26-ти декември, со што исто така им излезе пресрет на барањата на опозцијата. “Портокаловата револуција однесе победа“ - смета Уте Шефер во наредниот коментар.

Со ваквата пресуда судиите поднесоа најдобар доказ за нивната независност. Тие не само што не го прифатија барањето на актуелната власт за повторување на целите избори, што би и дало време да именува и нов, потенцијално подобар кандидат од сегашниот премиер Виктор Јанукович, туку не дозволи ни временско пролонгирање.

Сега на Украина и претстои тешка и макотрпна работа, во која мора да соработуваат сите: и парламентот и претседателот на заминување и правосудството. За многу кусо време, имено, треба да се донесе нов изборен закон. Исто така треба да се смени и составот на Изборната комсија, зашто без овие две претпоставки нема фер и слободни избори. Истовремено, лидерот на опозицијата Јушченко и неговите соработници ќе мораат да бидат многу активни во источниот дел на земјата, каде граѓаните не му веруваат многу. Исто така лидерите на опозицијата треба да се активираат и да придобијат поголем број од стопанските олигарси на Украина, иако малку кој се сомнева дека Виктор Јушченко ќе победи и вака и така.

Поддршката за актуелниот претесдател Кучма се топи забрзано. Така на пример парламентот пред неколку дена побара од него повлекување на украинските војници од Ирак. Тоа беше јасен пораз за политиката на актуелниот претседател. Според тоа, за очекување е дека низа угледни политичари од неговиот табор ќе минат деновиве на страна на опозицијата.

Лидерот на опозицијата Јушченко треба исто така до изборите да се избори против уште неколку од предрасудите околу неговата личност. Нему имено му се префрла дека не бил доволно агилен и решителен, туку премногу дипломатски настроен. Тој сега има прилика да им покаже на неговите следбеници дека е во состојба за кусо време да се избори со натрупаните задачи во процесот на трансформација на земјата. Она што никој не може да му го оспори, тоа е фактот дека успеваше во ова бурно време да ги здружи редовите на опозицијата и да им даде соодветна емоционална динамика. Сега му претстои меѓутоа сериозна работа за “портокаловата револуција“ да ја поведе во насока на права демократија.