1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повеќе од 100 илјади починати од Ковид-19 во САД

СН/агенции
28 мај 2020

Во април, Доналд Трамп уште се надеваше дека бројот на починати од коронавирусот во САД може да остане под 100.000. Сега оваа тажна бројка е надмината. Бразил исто така јавува заголем раст на жртвите од вирусот.

https://p.dw.com/p/3csDQ
USA New York | Coronavirus | provisorische Leichenwagen
Фотографија: picture-alliance/Zuma/V. Carvalho

Во САД се регистрирани над 100.000 починати од коронавирусот и тоа е најголем забележан биланс на мртви во една држава, соопшти доцна синоќа Универзитетот Џонс Хопкинс. Во САД, каде на крајот на февруари беа пријавени првите смртни случаи, досега заразени се речиси 1,7 милиони луѓе, наведе универзитетот.

Меѓутоа стручњаците сметаат дека бројот на инфицирани е значително поголем. Во последните 24 часа во САД починаа 1.401 лице, додека три дена по ред беа регистрирани помалку од 700 мртви на дневно ниво.

Ковид-19: „Сините ангели“ над Њујорк

Една третина од починатите во Њујорк

Во сојузната држава Њујорк, која е најсилно погодена од коронавирусот во САД, починаа една третина од вкупниот број мртви, а минатиот викенд знамињата беа ставени три дена на половина копје во знак на почит кон починатите. 

Повеќе:

-Коронавирус: САД спуштија рампа за патниците од Бразил

-Трамп сака да изнуди отворање на црквите

-Трамп: Човекот Анти-маска

Универзитетот Џонс Хопкинс проценува дека до 20 јуни во САД бројот на мртви ќе изнесува 123.000, додека проценката на Белата куќа е меѓу 100.000 и 240.000.

САД: Преку 700.000 инфицирани, бездомниците во посебно тешка ситуација

И покрај големиот број заразени во САД се ублажуваат рестриктивните мерки, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја заживее економијата.

Голем раст на починатите во Бразил

Во Бразил, која е втора земја во светот по САД со заразени од коронавирусот, починаа над 25.000 луѓе. Во последните 24 часа се регистрирани 1.086 нови смртни случаи, соопшти синоќа Министерството за здравство. Бразил е најпогодена земја од епидемијата во Латинска Америка со над 411.820 дијагностицирани случаи и 25.598 починати. 

Бразилската сојузна држава Сао Пауло е најпогодено подрачје каде се заразени 89.483, а починаа 6.712 лица. Во Рио де Женеиро регистрирани се 4.605 починати и 42.398 инфицирани случаи.

И прокрај големиот број заразени, претседателот Жаир Болсонаро повикува на продолжување на економските активности и зачувување на работните места, со што ја доведува во прашање одлуката на гувернерот за каранитин и за воведување други рестриктивни мерки во борба против коронавирусот.