1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно насилство во провинцијата на Ујгурите

ЕМФ/ард/дв17 ноември 2013

Кинески владини претставници соопштија дека при обид на група лица да нападне полициска станица во провинцијата Шинџијанг, се убиени сите напаѓачи. Тензиите во регионот на Ујгурите се зголемуваат.

https://p.dw.com/p/1AJ80
Фотографија: Reuters

Ујгурските екстремисти, вооружени со секири, ножеви и српови, ја нападнале полициската станица во Серикбуја, во провинцијата Шинџијанг и притоа убиле двајца полициски службеници, јавуваат кинеските државни медиуми. Безбедносните сили во одбрана ги убите сите деветмина напаѓачи.

Во провинцијата Шинџијанг доминираат Ујгурите, кои се муслимани. Тие ја обвинуваат кинеската централна влада за потиснување и задушување на нивните верски права. Портпарол на групата „Светски конгрес на Ујгурите“, со седиште во Минхен, настаните во Серикбуја ги опиша на поинаков начин. Според Дилџат Раџит, кинеските сили презеле мерки против ујгурски демонстранти и притоа се уапсени голем број Ујгури. Тој од меѓународната заедница бара да бидат преземени „итни мерки“ за да се спречи кинеската влада да дава дозвола да се пука врз ујгурски демонстранти.

Во слабо населениот северозападен регион Шинџијанг во изминатите години постојано доаѓаше до крвави конфликти меѓу муслиманските Ујгури и Хан-Кинезите. Ујгурите се чувствуваат потиснати од припадниците на Хан, кои систематски се населуваат во граничниот регион богат со суровини. Меѓу деветте милиони Ујгури има голем број кои се залагаат за одвојување на оваа област од Кина и за прогласување самостојна држава.