1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повторно рампа на границите кон Србија и Косово?

БГ
2 јули 2020

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе предложи ново затворање на границите кон двата северни соседи, откако таму почна да расте бројот на нови случаи. Во С. Македонија нови 173 случаи.

https://p.dw.com/p/3ehj7
Grenze zwischen Nord-Mazedonien und Serbien
Фотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Нови 173 заразени од коронавирус во Северна Македонија во последните 24 часа, и рекордни 15 починати во едно деноноќие, регистрираа здравствените власти. Рекордни се и бројките на тестирани граѓани - 1653. Најголем број нови случаи се во Скопје-75, Струга- 14, Охрид- 10, и Куманово и Тетово по 9. Починале 15 лица, од нив 12 пациенти на клиниките во Скопје, една пациентка во Струга, а двајца заболени дома. Оздравеле 150 лица.

Бројките деновиве растат во целиот поширок регион, а најмногу во Србија каде во последното деноноќие се регистрирани 359 нови случаи. И во Косово вчера биле откриени 120 новозаразени.

Од таа причина, Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува дали, поради ваквиот развој на состојбата во соседството, да предложи воведување посебен режим на границите кон Косово и Србија, или целосно да ги затвори граничните премини.

Овие две земји, заедно со Албанија, се единствените во Европа кои досега дозволуваа слободен премин на македонски државјани, а реципрочно, и нивните граѓани можеа да се движат низ земјата.

Поради големиот број на новорегистрирани случаи од почетокот на јуни наваму, ЕУ одлучи да не им дозволи влез на македонските граѓани на територијата на земјите-членки. Статусот ќе се ажурира на секои две недели.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема