Повторно солзавец против демонстрантите во Хонгконг
12 јуни 2019Големите протести есакалираа денеска во Хонгконг, каде што дојде до конфликт помеѓу полицијата и граѓаните. За да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата на парламентот, полицијата употреби солзавец и гумени куршуми. Големите демонстрации се одржуваат поради спорниот закон за екстрадиција. Станува збор за контроверзниот нацрт-закон, според кој граѓаните можат да бидат испорачани на судење во Кина.
Законот за екстрадиција, против кој се формираше необично широка опозиција во Хонгконг и во странство, го вовлече градот во политичка криза. Денеска требаше да следуваат вториот круг и третиот круг на расправа во законодавниот совет кој брои 70 места, меѓутоа поради ескалацијата на демонстрациите беше одложен. Во ова тело доминира мнозинство кое е на страната на официјален Пекинг. Хонгконшката полиција на Твитер напиша дека однесувањето на демонстрантите ги надминало сите граници на мирен собир.
Повеќе:
Метју Чеунг, шеф на хонгкошката администрација, ги повика демонстрантите да престанат да ги заземаат главните улици и да си заминат што е можно побрзо.
Политичката партија Национален фронт на Хонгконг се закани дека ќе влезе во Законодавниот совет и ќе остане таму на „неодредено време“ во штрајк ако владата не го повлече законот. Критичарите на законот за измени и дополнувања за екстрадиција наведуваат наводна употреба на мачење, произволни притвори и присилно признавање во кинескиот правосуден систем.
Кинеската влада вети правно обврзувачки мерки на заштита на човековите права и други мерки за кои вели дека би требало да ја ублажат загриженоста на Кинезите.
Токму контроверзниот закон доведе до најголеми собири во земјата откако Британците во 1997 година ги вратија во Кина.