1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Истокот се уште заостанува зад западот

3 октомври 2020

Ни 30 години по повторното обединување на двете Германии не може да се зборува за исти животни услови. Поделбата меѓу истокот и западот се зацврстува, не само во економски поглед.

https://p.dw.com/p/3jJt1
DW Thementag Deutsche Einheit I Key Visual I Trailerstartbild
Фотографија: Jörg Schmitt/dpa/picture-alliance

Со 30 години во Германија сте релативно млади. Просечната возраст е околу 45 години. Статистички гледано, со 30 мајките добиваат прво дете, без разлика каде во Германија. Во тој поглед нема веќе разлики меѓу истокот и западот. Пред повторното обединување на 3 октомври 1990 тоа беше различно. Мајките во Сојузна република Германија во просек имаа по 27 години, во Источна Германија 24. Кога е збор за формирање семејство значи условите се изедначени.

Пратеникот на владата за новите покраини, Марко Вандервиц, се чини дека има право кога вели дека „Германија од 1990 година стана доста слична во многу работи”. Како други примери наведува користење на слободно време и членство во друштва. Во која статистика и да се погледне “се наоѓаат повеќе заеднички работи отколку тие што ги разликуваат”. Навистина? Годишниот извештај за состојбата на германското обединување кој го презентираше кон средината на септември нуди податоци кои може да доведат до други заклучоци. 

Економски разлики

Пред сѐ кога станува збор за многу битни фактори сликата не е розова: економската сила на петте сојузни покраини од истокот изнесува 73 проценти од германскиот просек. И платите со скоро 89 % и натаму се далеку од нивото на западните покраини.

Вандервиц го признава отворено тој дефицит и се надева на промени со воведување технологија на иднината по примерот на отварањето на фабриката за електрични автомобили Тесла во близина на Берлин. Тој конкретно мисли на инвестиции во полето на мобилноста и вештачката интелегенција.

Повеќе:

-Зашто истокот и западот на Германија и натаму се разликуваат?

-Во источна Германија се работи повеќе, а се заработува помалку

-Како борците за граѓански права го фрлија на колена режимот на ГДР

По тоа прашање Вандервиц, кој е член на Христијанско-демократската унија, дели исто мислење како Дагмар Енкелман која инаку политички гледано има сосема други размислувања.

Историските заслуги на Хелмут Кол

Таа е претседател на фондацијата Роза Луксембург, блиска до Левицата. Енкелман исто така ги нагласува економските разлики. „Тие и за иднината секако значат различен развој на истокот”, вели таа за ДВ. Таа вели дека е потребно да се размисли како поинаку може да се делува на регионалниот развој и економската политика. Таа самата по многу задршки лично се помирила со германското обединување. „Луѓето се пошарени и воздухот е почист”, вели таа. И како што вели, таа може самата да си го формира својот светоглед. Вели дека граѓаните на ГДР западот го знаеле само од телевизија. Од 1990 и таа пропатувала низ цел свет. "Од тогаш видов многу нешта”.

Сонот за чувство на среќа за повторното обединување

И покрај сите критики и натаму постоечките разлики таа смета дека конечниот резултат е позитивен: „Беше пат кој беше исправен за повеќето луѓе во Германија.” А, кога ги гледа сликите од 3 октомври повторно се наежува. Еуфоријата, вели, и натаму е на некој начин присутна.

Пратеникот Вандервиц дури се надева дека ќе може повторно да се оживее чувството на среќа заради повторното обединување. Но овој политичар кој потекнува од истокот сепак се грижи кога е во прашање демократијата која на истокот само 78% испитаници ја сметаат за најдобра општествена форма за Германија наспроти 91% на западот.

Доселувањето битно за истокот

Вандервиц упатува на добрите резултати на десничарските партии на истокот и на релативно поголемиот број деснорадикално мотивирани кривични дела. Тоа е вели, нешто на што треба да се работи, а што нему му лежи на срце, но мора да биде така и со целокупната политика и општество. Не само од економски причини. Ако се сака да се задржи економската моќ, тоа мора да се направи со доселување, смета тој.

Голем дел млади луѓе уште заминува на истокот бидејќи таму се големите фирми од автомобилска и хемиска индустрија, а со тоа и подобро платени работни места. Заради тоа тој се надева на внатрешногерманска миграција во корист на источните покраини.

Работна сила од други земји

Но, за да не остане само желба, Вандервиц размислува за нова работна сила од други земји, заради културолошката близина пред сѐ од Европа. Така би можел да замисли Полјаци кои заради Брегзит не може да останат во Велика Британија, повеќе да доаѓаат во Германија. „Но, мора секако да се бара во цел свет! Тоа претпоставува отвореност спрема светот и култура на гостопримство.” Но, со тоа Германците на истокот изгледа имаат повеќе проблеми отколку на западот.

Зошто истокот сѐ уште каска зад западот?

Тоа се гледа по изборните резултати на десничарско-популистичката Алтернатива за Германија која според проценките на Службата за заштита на уставниот поредок е и делумно десноекстремистичка. Во сите пет источни покраини таа влезе во парламентите со изборни резултати некогаш и над 20%.

Поглед на политичката карта во Германија покажува дека АфД во меѓувреме ја има насекаде, а во Бундестагот е од 2017 најсилна опозициска партија. Двоцифрените изборни резултати на “просперитетниот југ” како што рече писателот Франк Беш говорат за тоа дека нивниот успех е повеќе отколку само прашање на недостаток на економска моќ и космополитизам. Во Баварија на последните избори АфД освои повеќе од 10, а во Баден Виртемберг 15%.

Западниот дел на Германија е поинтернационален

Во двете најразвиени покраини на Германија уделот на странците е над германскиот просек и изнесува 12%. Да се објасни со тоа успехот на десничарската партија би било премногу едноставно. Тогаш АфД на истокот каде просекот на странци е пет проценти би требало да имаат слаб успех. Тоа дека структурата на народот на западот и 30 години по обединувањето е пошарена и помеѓународна е пред сѐ заради тоа што доселувањето таму започнало уште во 1960 година.

Кога Вандервиц неодамна го претстави Извештајот за состојбата на германското обединување раскажа анегдота за средбата на неговата генерација 25 години по матурата. Оние кои останале во родната Саксонија можеле да се избројат на една рака. „Остатокот е некаде во поранешна западна Германија, Швајцарија, Австрија”, вели тој. Но, според него трендот на исселување веќе се намалува.