1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подготовки на ЦДУ и ЦСУ за изборите

13 јуни 2005

Раководствата на фракциите на демохристијаниската и на христијанско социјалната унија на сојузно и на покраинско ниво од вчера заседаваат во Кил. Три месеци пред планираните парламентарни избори треба да ги усогласат позициите за важните прашања во финансиската, здравствената и за евро-политиката.

https://p.dw.com/p/Acor

Унијата, според зборовите на претседателката на ЦДУ Ангела Меркел, треба во најголемиот дел да ја продготват изборната и владината програма:

„Притоа апсолутен приоритет има работата. Се мора да се преиспита и мислам дека не ни е потребна само стручност, туку јасно ќе соопштиме дека за сите работи ни е потребен поинаков пристап од оној на владата„.

Шефот на ЦСУ Едмунд Штојбер се очекува во Кил да дојде денеска. Во случај на победа на Унијата тој најави тврд курс на штедење со скусувања во социјалниот систем. Шефот на ЦДУ за покраината Рајнланд Пфалц, Кристоф Бер, кој истовремено е и потпретседател на партијата на сојузно ниво, одбива да зборува за социјалните проблеми или за скусувања:

„Ние сме застапници на интересите на 9 милиони невработени и на многу милиони кои имаат паничен страв да не останат без работа. Затоа, секој чекор што ќе го правиме ќе биде чекор кон повеќе вработувања без оглед од каде доаѓа предлогот„.