Поскапо пиво - почна Октоберфест
16 септември 2017Првата кригла со пиво традиционално ја доби премиерот на Баврија, Хорст Зехофер. Цената на една кригла, која инаку собира еден литар пиво, на годинешниот 184. Октоберфест чини 10,95 евра и е 25 центи повисока отколку лани.
До 3 октомври на панаѓурот се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет. Поради студеното време во огромните шатори, кои инаку се полнат веднаш по отворањето во 9 часот, претпладнево сѐ уште имаше по некое слободно место.
Со оглед на постојано присутната претпазливост поради можни терористички напади, безбедносните мерки на Октоберфест годинава се уште повеќе зајакнати. Полицајците носат камери на телото, просторот каде што се одржува панаѓурот е под надзор на повеќе видеокамери, а и патеките се испресечени со повеќе саксии со цвеќиња и други предмети, како заштита од евентуален напад со возило.