1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последната шанса за Меркел

Михаела Кифнер
28 септември 2018

Поразот на Ангела Меркел во сопствената партија го забрзува нејзиниот пад. Но сега, откако картите се поделени на масата, таа мора брзо да реагира за ги оствари своите ЕУ-цели, коментира Михаела Кифнер

https://p.dw.com/p/35cXo
Bundeskanzlerin Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.Nietfeld

На 26 септември, 2017, францускиот претседател Емануел Макрон одржа говор на Сорбона во кој ја претстави својата визија за иднината на Европската Унија. Во Берлин, неговите забелешки беа прочитани како обврска за блокот. Говорот ги подели членовите на конзервативната партија на канцеларката Ангела Меркел во парламентот. Поддржувачите на францускиот претседател беа подготвени да застанат зад неговиот предлог за заеднички буџет на ЕУ и проширувањето на Европскиот механизам за стабилност. Но критичарите, во плановите на Макрон видоа план да им се земат пари на германските даночни обврзници со цел да се поправат буџетските дупки кај други членки на ЕУ.
Неодамна, изборот на Ралф Бринкхаус за нов шеф на парламентарната група на партијата на Меркел во Бундестагот и нанесе политички пораз на канцеларката, но и го ограничи нејзиното влијание во ЕУ. Бринкхаус можеби не е евроскептик, но во целост го поддржува она што Макрон го отфрли како „фетиш“ на фискалниот конзервативизам, особено кога се работи за политиката во Брисел. Фактот дека неговите ставови го попречуваат постигнувањето консензус на ниво на ЕУ се чини дека малку го загрижуваат Бринкхаус. Сепак, според членовите на германската конзервативна парламентарна група- сојузот меѓу меркеловата ЦДУ и баварската ЦСУ- тој е мало освежување.
Безбедноста и напредокот ширум ЕУ, централната порака од средбата на Меркел со Макрон на почетокот на годинава, бара не само силно евро, туку и заеднички напор на земјите-членки. Сепак, се чини дека проблемите на Меркел ќе продолжат, особено кога се работи за договарање на заеднички буџет за еврозоната.

Deutsche Welle Michaela Kuefner, TV Portrait
Михаела КифнерФотографија: DW/B. Geilert

Чекањето веќе не се исплати

Последните маки на Меркел додаваат нови компликации на веќе познатите поделби во Брисел. На крајот, тие ја демонстрираат нејзината ограничена политичка моќ во овие сериозни времиња- кога се работи и за ЕУ и за нејзината канцеларска функција. Таа и понатаму продолжува со истата тактика на испитување на состојбата, чека и потоа доаѓа до решение во последната минута. Но актуелната политичка клима, вклучително и поделбите во нејзиниот конзервативен блок, се премногу насилни за да се продолжи со тој пристап.
Скандалот со прераспоредувањето на шефот на германската тајна служба им покажа на критичарите на канцеларката во Брисел дека можеби и тие можат да научат нешто од неа и едноставно да седат и да чекаат да дојде крајот на ерата на Меркел. Дури и самата канцеларка сфати дека мора брзо да реагира и да го потроши сиот политички капитал кој го акумулираше во последните 13 години пред уште некој удар да го намали нејзиното влијание. Повеќе моќни гласови и понатаму ја гледаат Германија како клуч на стабилноста на ЕУ. Доколку Меркел е сериозна во намерата да остави стабилна и одржлива ЕУ откако ќе ја напушти функцијата, треба да престане да се крие, и тоа брзо. Таа мора да го искористи сиот политички капитал и влијание зад една заедничка визија за ЕУ- нешто што се чини не е во нејзината природа.
И Макрон е под голем домашен притисок, што ги разгорува стравовите дека оваа историска шанса за француско-германско решение за ЕУ веќе е уништена. За Меркел особено, времето и моќта истекуваат.