1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Празни замки со суспензијата за Холидеј ин

ДТЗ
7 мај 2021

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ вели дека општата суспензија на ДУП-от може да и донесе енормни штети на Општината

https://p.dw.com/p/3t6ie
Nordmazedonien I Plakatwand gegen illegale Verstädterung vor dem Regierungsgebäude in Skopje
Фотографија: Jana Belceva-Andreevska/DW

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ смета дека општата суспензија на ДУП-от може да има многу штетни последици за Општината. Поради тоа, нема да побара суспензија за одредени парцели за кои има почнати  управни или кривични постапки, оти енормната штета еден ден ќе треба да ја плати Општина Центар. Според него, станува збор за над 30 постапки коишто се покренати на територија на општината.
„Треба да пазиме да не направиме штета, а на крајот секаде каде што имало недоследности, тоа ќе си оцени комисијата и Министерството за транспорт и врски, каде ќе има суспензија“, изјави Богдановиќ, откако Општина Центар повторно не донесе одлука за суспенција на Деталниот урбанистички план кај „Холидеј ин“. На тоа место инвеститорите „Мг Фешн“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) планираат да градат три згради. Тој најавува дека ќе има суспензија на делови каде што ќе се појават недостатоци и секаде каде што има јавен интерес. 

-повеќе на темата: Ивановска за ДВ: Го охрабрувам градоначалникот на Центар да го суспендира планот за „Холидеј Ин“

По предлог на советниците од СДСМ вчера беше донесен заклучок за постапување по член 23 од Законот за урбанистичко планирање. Со заклучокот се задолжува Комисијата за урбанизам да изготват стручни елаборати за деловите од детални урбанистички планови за кои е неопходна примена на „суспензија на урбанистички план, на негов дел или планска одредба" согласно членот 23 од Законот за урбанистичко планирање“. Притоа, се задолжува градоначалникот на Општина Центар, да ги достави изготвените стручни елаборати од Комисијата за урбанизам со барање за давање мислење за суспензија до министерот за транспорт и врски во рок од 20 дена.
Богдановиќ вели дека советниците побарале дополнителни материјали, со цел дополнително да го надополнат заклучокот за поквалитетни елаборати.
Одлуката на општина Центар доаѓа откако претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска за ДВ изјави дека го охрабрува градоначалникот на Центар да даде барање за суспензија на планот за градба кај Холидеј Ин, бидејќи  јавниот интерес мора да биде на прво место. Таа порача дека ако не даде предлог за суспензија на планот за градба, тогаш и за Богдановиќ ќе се покрене постапка пред Обвинителството. 

-повеќе на темата: Случај Холидеј Ин: Наместо суспензија - надлежните се вртат во круг

Антикорупционерите неодамна поднесоа иницијативи за кривично гонење на ексградоначалниците на Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски поради злоупотреба на службената положба и прекршување на Законот за урбанизам.
Поранешната претседателка на Советот, Јана Белчева - Андреевска за ДВ изјави дека нема искрени намери за суштинска промена на начинот на урбанизација на Центарот на Скопје. „Селективен пристап и определување суспензија на делови од план, а без дефинирани критериуми (како што се параметрите од ГУП користени при мораториумот), ќе остават простор за субјективизам при одлучувањето“, вели таа. 
На првата парцела кај „Холидеј Ин“ фирмата МГ Фешн“ и МПЦ-ОА имаат проект за изградба на три згради од 16, 20 и 22 ката. Инвеститорите платија комуналии од 2,4 милиони евра на Општина Центар и Град Скопје и чекаат дозволата за градба да стане правосилна.