1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Прв потврден случај на Омикрон во Северна Македонија

МИА
24 декември 2021

Омикрон сојот е детектиран кај маж кој допатувал од Велика Британија, тој во јануари 2021 година ја прележал болеста, а потоа примил две дози вакцина

https://p.dw.com/p/44oUj
SARS-CoV-2 Variante Omicron und COVID-19 Impfstoffe
Фотографија: Andre M. Chang/Zuma/picture alliance

Во Северна Македонија денеска е детектиран првиот случај на ковид варијантата  Омикрон,  информираше Министерството за здравство. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјата допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил  две дози од вакцината  на Бионтек/Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 имал од пред 2 дена, по што е потврдено дека е заразен со сојот  Омикрон.

Во моментов пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.