1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени избори во Португалија во јануари

СН/агенции
5 ноември 2021

Португалскиот претседател Ребело де Соуса закажа предвремени парламентарни избори за 30 јануари. Претходно, владата на премиерот Антонио Кошта не успеа да осигура усвојување на буџетот за 2022 година.

https://p.dw.com/p/42c3y
Претседателот на Португалија Марсело Роберто де Соуса го распушти парламентот и распиша предвремени избори
Претседателот на Португалија Марсело Роберто де Соуса го распушти парламентот и распиша предвремени избориФотографија: Pedro Fiuza/ZUMA/picture alliance

Претседателот на Португалија соопшти синоќа дека го распушта парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 30 јануари, по поразот на малцинската социјалистичка влада во клучното гласање за буџетот во португалскиот парламент

Оваа соопштение беше очекувано. Претседателот, Марсело Ребело де Соуса, претходно рече дека Португалија ќе оди на избори две години предвреме ако парламентот го отфрли предлогот на владата за буџетот за 2022 година, што се случи минатата недела. Де Соуса ова го објави во телевизиско обраќање до нацијата.

Инаку малцинската влада на Социјалистичката партијана премиерот Антонио Кошта  досега  при усвојувањето на законите во парламентот зависеше од гласовите на пратениците на левиот блок и на комунистите. Тие, овојпат, меѓутоа заедно со конзервативната опозиција гласаа против предлог-буџетот. 

Не успеа со буџетот, но повторно ќе оди на избори за да победи: Португалскиот премиер Антонио Кошта
Не успеа со буџетот, но повторно ќе оди на избори за да победи: Португалскиот премиер Антонио КоштаФотографија: Pedro Nunes/REUTERS

Изборите доаѓаат во чувствително време за земјата, со 10,3 милиони население, која се подготвува да започне со распределување на помошта од 45 милијарди евра од ЕУ, за да ја поттикне економијата по пандемијата на Ковид-19. Токму распределувањето на оваа помош беше причината за отфрлањето на предлог-буџетот од страна на левиот блок и на комунистите. Тие бараа поголемо растоварувања за приватните домаќинства и повеќе јавни услуги. 

Недамнешните анкети покажаа дека Социјалистичката партија од левиот центар со леснотија би победила на изборите, но не и оти би освоила парламентарно мнозинство.

Пандемијата не би требало да ги наруши изборите. Популарната кампања за масовна вакцинација и' помогна на Португалија засега во голема мерка да го сузбие Ковид-19. Земјата во просек пријавува помалку од 1.000 новозаразени дневно од средината на септември, а дневниот број на смртни случаи е едноцифрен број.