Предвремени парламентарни избори во Словенија
13 јули 2014Во Словенија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои Словенците ќе ја изберат третата влада во изминатите три години.
Изборите беа распишани откако премиерот Аленка Братушек по само 13 месеци на чело на владата го загуби лидерското место во владејачката партија Позитивна Словенија и поднесе оставка.
Според анектите на прво место се наоѓа новата Партија на професорот по право Миро Церар, која беше основана во јуни годинава.
Сепак Церар тешко дека ќе освои мнозинство гласови, поради што се очекува формирање нова коалициска влада. Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Нинамедија“ покажува дека Партијата на Миро Церар може да очекува 31,3 проценти, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша 23,4 отсто, а ДеСУС околу 11 проценти од гласовите.