Преку 1 милион случаи на Ковид-19 во Бразил
20 јуни 2020Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.032.913, а од последици поради Ковид-19 починаа 48.954 луѓе соопшти бразилското Министерство за здравство.
Во петокот се пријавени 1.206 нови смртни случаи, а забележан е и нов рекорд во бројот на новозаразени, откако позитивно се тестирани уште 54.771 лица, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Бразил, најголемата и најнаселена земја во Латинска Америка, така стана втора земја во светот која потврди над еден милион случаи заразени со коронавирусот и се наоѓа на второто место по бројката на заразени и починати, по САД.
Повеќе:
-Фотографија на денот: Тивок спомен на жртвите од Ковид-19
-Фотографија на денот: Крстови на Копакабана поради корона-политиката во Бразил
-Короната однесе над 400.000 животи, Бразил престана да објавува вкупни бројки
Освен тоа, веќе четврти ден бројот на починати е над 1.200. Но, со оглед на тоа дека во земјата се вршат малку тестови, вистинските бројки веројатно се многу поголеми.
Стручњаците сметаат дека бројката на заразени е далеку поголема, а пандемијата во Бразил особено тешко го погоди најсиромашното и домородечко население. Научниците и невладините организации проценуваат дека најмалку седум пати повеќе луѓе се заразиле од коронавирудот а двојно повеќе умреле од Ковид-19 отколку што е официјално соопштено.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, долго време ја минимизираше опасноста од коронавирусот, нарекувајќи го „мал грип“. Тој смета дека економските последици од мерките против вирусот ќе бидат пострашни од самиот вирус.