1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријателката на убиецот од Лас Вегас тврди дека немала поим

ЕМФ /агенции
5 октомври 2017

Пријателката на убиецот од Лас Вегас тврди дека немала поим за планови за масакрот во кој беа убиени 59 луѓе, а повредени над 500.

https://p.dw.com/p/2lEjZ
Las Vegas trauert nach dem größten Massenschießen in der U.S. Geschichte
Фотографија: picture-alliance/G.Blevins

Мотивите на Стивен Падок за масакрот во Лас Вегас сѐ уште се непознати. И испитувањето на пријателката на Падок, 62-годишната Мерилу Денли не даде нови сознанија за случајот. Според американската сојузна полиција ФБИ, нема индиции дека таа знаела за планови за масакрот. Слична изјава даде и адвокатот на Мерилу Денли, кој ја цитираше својата клиентка: „Никогаш на каков било начин не се посомневав дека тој планира насилство против некого.“

Пријателката на атентаторот во времето на крвопролевањето се наоѓала во семејна посета на Филипини. Таа потекнува од Филипини, но има австралиско државјанство. Во САД се вратила во вторникот. Тоа, како што соопшти, го направила доброволно. Жената уште тврди дека Падок бил пријателски настроен, грижлив и мирен човек. Ѝ купил авионски билет за Филипини и ѝ префрлил пари за таму да може да купи недвижност. Поради тоа ѝ се јавило стравување дека тој можеби сака да ја прекине врската.

ФБИ смета дека Падок е единствен напаѓач и дека делото нема терористичка позадина. Мотивите за масакрот се дотолку позагадочни ако се има предвид дека Падок не се вклопува во профилите на извршители на вакви дела. Тој бил имотен и не бил казнуван. Засега нема сознанија за евентално психичко заболување или социјална изолација. Освен тоа, нема ниту знаци дека имал екстремни политички ставови или поглед на свет.

Трамп во Лас Вегас

Во Лас Вегас вчера во посета беше американскиот претседател Доналд Трамп. Тој прво ја посети Универзитетската клиника, каде се сместени жртвите од масакрот, по што изјави дека „Америка е во длабока тага“. Претседателот потоа беше и во посета на полициската централа во Лас Вегас и им се заблагодари на полициските службеници и спасувачите за нивниот ангажман.

„Америка е нација која тагува“