1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Про и контра исфрлањето на руски дипломат од Македонија

БГ
27 март 2018

Во очекување на реакцијата од официјална Москва по одлуката на Скопје да исфрли руски дипломат од земјата, се вжештија социјалните мрежи со про и контра ставови во врска со одлуката.

https://p.dw.com/p/2v2yM
Russische Diplomaten verlassen London
Фотографија: picture alliance/TASS/dpa/I. Dmitryachev

Одлуката на македонската Влада да исфрли еден руски дипломат од земјата во знак на солидарност со Велика Британија поради случајот Скрипал, донесе бурни реакции на социјалните мрежи.

Додека водечките политичари од власта и опозицијата досега молчат за настанот, меѓу првите реагираше поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски:

а утрово со реакција се јави и политичката партија Левица:

Дел од критиките беа упатени и кон Велика Британија:

а дел кон шефот на дипломатијата Никола Димитров:

Некои твитерџии беа во дилема дали Македонија е монета за поткусурување на големите држави:

додека други се повикуваа на „традиционалното сојузништво“ со Русија:

Најфреквентно сепак беше на профилот на руската амбасада во Македонија на постот во кој беше објавена реакцијата во врска со одлуката на македонската влада.

Таму имаше 50-ина реакции на корисници, во најголем дел на оние кои критички гледаат кон одлуката на македонската влада. Имаше извинувања:

изрази на неверување на руски:

„оправдување“ на англиски:

обвинувања за корупција на сметка на македонската влада на германски:

идеи за следните чекори кои Русија треба да ги преземе против Македонија:

како и апели до Путин да ги тргне „лошите луѓе“ од Македонија:

Во кампот на оние кои ја поддржаа одлуката:

можеа да се прочитаат критики за ставовите на некои аналитичари: 

„осврти“ на досегашната поддршка од Русија: 

и проценки за тоа кој би можел да биде протераниот дипломат: 

А највесело беше кај оние кои одлучија да тераат мајтап со спорот: 

П.С. Се работи за јапонскиот балетан кој преку социјалните мрежи се пожали дека со месеци не земал плата од Македонската опера и балет и дека не може да преживее во Македонија.