1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

1.200 лекари ја напуштиле Македонија

12 ноември 2018

Околу 1.200, претежно млади лекари ја напуштиле Македонија во изминатите седум години, тврди претседателот на Клубот на млади лекари, Брзанов. Проблемот е системски, а незадоволството тлее уште од студентски денови.

https://p.dw.com/p/38735
Mazedonien Gesundheitssystem - Die Gesundheitsversorgung am Rande des Kollaps
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Студентите по медицина се генерално незадоволни од условите кои им се нудат во Македонија, а ниските плати се само една од причините поради кои се одлучуваат да ја напуштат земјата и да се упатат кон западна Европа или во Америка.

Според податоци кои на денешната трибина во Скопје ги изнесе претседателот на Клубот на млади лекари, Никола Брзанов, околу 1.200 млади лекари веќе ја замениле Македонија со некоја поатрактивна дестинација. Повеќето актуелни студенти исто така посакуваат што побрзо да ја напуштат земјата. 

Лекарски егзодус од Македонија

повеќе на темата: 

Кој и зошто го урниса угледот на македонското здравство?

Одливот на лекари станува драматичен

Македонското здравство станува опасно по живот!

Незадоволството се јавува уште во студентските денови каде студентите, како што велат, се соочуваат со демотивирачки услови.

„Проблемот е во тоа што не секогаш најдобриот студент ја добива највисоката оценка, а дополнително демотивира тоа што полесно си поминуваат децата на професори, има и партиски врски. Нема простор за нас, колку и да се трудиме“, вели Соња Граждани, студентка во шеста година, пренесува агенцијата Мета.

Клубот на млади лекари информира дека најголемиот дел од студентите веќе го изучуваат германскиот јазик со цел во Германија да го продолжат својот професионален ангажман.

Македонија, како и повеќето земји во источна и југоисточна Европа веќе подолго време се соочува со егзодус на лекари и медицински персонал. Причини има повеќе, а најчесто се наведуваат слабите плати, лошите услови за работа, непотизмот и дискриминацијата.