Промена на климата: Екстремно време, екстремни последици
Бранови на горештини, недостиг на вода, топење на глечерите, уште сега се забележува промената на климата, а времето нешто да се преземе против последиците, истекува.
По жештината и поплавите следува глад
Крајно време е да се преземат мерки против екстремните временски услови, посебно во најсиромашните земји, како во Африка. Веќе по 20 или 30 години, вели извештајот на Светската банка, промената на климата ќе има речиси незамисливи последици. Сушите и поплавите ќе доведат до недостиг од храна.
Светското население и натаму се множи
Светското население до 2050 година ќе достигне до околу девет милијарди луѓе, гласат прогнозите. Тоа значи - потребно е двојно повеќе ориз, пченка и пченица отколку денес. Американските научници предупредуваат - производството животни продукти уште сега расте пребавно за да го задоволи гладот во светот.
Премногу вода
Додека поплавите ги загрозуваат жетвите, друга опасност произлегува од растењето на морското ниво. Научниците предупредуваат дека нивото во моментов расте 60 проценти побрзо од очекуваното. Последица: се заканува потонување на помалите острови.
Морска наместо несолена вода
Со покачувањето на нивото на морињата во почвата продира солена вода. На неа е изложена и вегетацијата, како на овој остров во Микронезија. Тоа е штетно за растенијата и истовремено носи големи проблеми за земјоделството и крајбрежните региони.
Во опасност се белите дробови на планетата
Амазонските прашуми, како овде во Бразил, ја штитат климата со тоа што користат ЦО2. Но, бидејќи во регионот станува пожешко и посуво, тој е загрозен од затоплувањето на Земјата. Во најлош случај прашумата од корисник, може да стане извор на ЦО2.
Се топи мразот на Гренланд
Гренланд е до 85 проценти покриен со мраз. Со глобалното затоплување, меѓутоа, тој брзо се топи, со што се покачува нивото на морињата. Кога се топи белиот мраз од Арктикот, водата која потемнува од топењето прима повеќе топлина, која инаку мразот ја рефлектира во вселената.
Се топи и Антарктикот
Мразот на Антакрктикот се смета за постабилен отколку оној на Гренланд. Но, најновите мерења покажуваат дека мразот се топи и на Арктикот во последните 20 години, откако се вршат мерења во овој регион.
Трајниот мраз - темпирана бомба
На Арктикот засилено се топи трајниот мраз. Тоа предизвикува ослободување на штетни гасови, како ЦО2 и метан. Научниците стравуваат дека долгорочно тоа ќе води кон повратна реакција. Топењето ќе предизвика натамошно затоплување. Научниците ги контролираат емисиите на гасови, како овде на Гренланд.
Лоши вести за школките и морските полжави
Океанот прима се‘ повеќе ЦО2. Тоа води кон се‘ поголема киселост на морињата, со што се намалува ПХ-вредноста. Ова влијае врз морските организми како школките и морските полжави: нивните черупки стануваат полесни и потенки. Научниците ги истражуваат последиците врз животот во морето.
Изумираат коралите
Од зголемената киселост на морињата се погодени и коралите, како Грит Бариер Риф во Австралија. Тие изумираат поради зголемената киселост на водата. За многу луѓе овие области со коралски колонии богати со риби се важни поради исхраната, а освен тоа коралскиот туризам за помалите земји е важен извор на приходи.