1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Солун: Компромисот како предавство

БГ
22 јануари 2018

Веста за неделните протести во Солун најде место во повеќе печатени медиуми на германски јазик. Спорот за името зачестено наоѓа место во анализите на водечките весници и на светските агенции.

https://p.dw.com/p/2rHSn
Nationalistische Griechen demonstrieren im Namensstreit mit Mazedonien
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Шпигел пишува за протести на „десетици илјади националисти во Солун“. Цајт го пренесува мотото на протестите „Македонија е грчка“, додека Тагесцајтунг уште во насловот оценува „Компромисот се смета за предавство“.

„Иако не се повтори големиот митинг од 1992 година, кога повеќе од еден милион луѓе ги освоија улиците за да демонстрираат за 'грчкиот карактер на Македонија', сепак во неделата имаше најмалку 50 илјади демонстранти“, пишува Тагесцајтунг.

„Мнозинството Грци не сакаат соседната држава да се нарекува Република Македонија. Грција го смета името за свое, како дел од сопственото историско наследство и стравува од територијални претензии кон нејзината истоимена провинција на северот. На собирот во неделата овие аргументи беа потврдени со патос.

Nationalistische Griechen demonstrieren im Namensstreit mit Mazedonien
Околу 90 илјади луѓе протестирале во Солун, проценува грчката полицијаФотографија: Reuters/A. Avramidis

'Протестирајте браќа мои“, им порача конзервативниот митрополит на Солун на демонстрантите. Илјадници луѓе дојдоа со автобуси, со транспаренти и мегафони со кои обвинуваа за 'предавство' во спорот за името. Главни говорници беа историчари и новинари, политичарите не дојдоа до збор. Но, тие беа таму- во прв ред пратениците на десно-екстремистичката Златна Зора“, наведува Тагесцајтунг.

Griechenland Proteste in Thessaloniki Namensstreit Mazedonien
На протестите се појавија и униформирани „андарти“Фотографија: Getty Images/AFP/S. Mitrolidis

Агенцијата Асосиејтед прес во својот извештај од Солун забележува дека меѓу петте главни говорници на протестот немало државни функционери. „Најпознатиот меѓу нив беше Фрагулис Франгос, генерал во пензија и поранешен началник на Генералштабот на грчката армија, за кого се вели дека има политички амбиции. Присуствуваа и неколку локални пратеници, како и локалниот митрополит Антимос, за кој многумина сметаат дека е вистинскиот лидер на националистичките тврди струи кои се противат на договор меѓу двете земји“.

„Ако им го затвориме пристапот до солунското пристаниште, ќе умрат за една недела“, пренесува дел од говорот на митрополитот Антимос, агенцијата АП. 
Повеќе за протестите во Солун погледнете во видеото: 

Протести во Солун: „Македонија е грчка“