1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солун: протести против договорот за името

СН/ агенции
25 јуни 2018

Илјадници Грци, како што соопшти полицијата во Солун, протестираа во грчкиот пристанишен град против билатералниот договор со кој соседната земја го менува името во „Република Северна Македонија“.

https://p.dw.com/p/30D4x
Griechenland Proteste in Thessaloniki Namensstreit Mazedonien
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

„Политичари предавници“ , пишуваше на некои од транспарентите кои ги носеа демонстрантите синоќа во Солун. Според проценките на светските новински агенции на протестот учествувале околу 4000 луѓе. Некои демонстранти, главно од редовите на крајната десница, ги нападнале и локалните канцеларии на партиите од владејачката коалиција: Сириза и Независни Грци, фрлајќи камења и пластични столици. Полицијата ги растера со употреба на солзавец и шок бомби. Притоа нема извештаи за повредени или за уапсени лица.

Претставниците на владите на Грција и на Македонија на 17 јуни го потпишаа историскиот договор за надминување на 27-годишниот спор за името. Според договорот, Македонија треба да го промени своето државно име во „Република Северна Македонија“ а Грција за возврат да прекине со блокадата на пристапувањето на соседната земја во НАТО и во Европската унија. 

Повеќе:

-Заев очекува зелено светло за почеток на преговори од сите во ЕУ

-Македонски круг со креда

-Договорот за името носи надеж за Балканот

Од прогласувањето на независност на соседната земја во 1991 година, Грција се спротиставуваше таа да се нарекува Македонија, стравувајќи, како што истакнуваше, од можни територијални претензии кон нејзината погранична покраина, лулка на царството на Александар Велики.

Поради тоа грчките екстремисти го обвинуваат премиерот Алексис Ципрас за „предавство“ а на вчерашните демонстрации во Солун беше поставена и „бесилка“.