Пустец: „Целиот отпад оди во селото и во езерото“
15 октомври 2019Реклама
Во непосредна близина на прекрасното село Пустец, на албанската страна од Преспанското Езеро, има дива депонија. Mештаните велат дека отпадот порано се собирал и ситуацијата била подобра.
Лазјон Петри, локален консултант за животна средина, потенцира дека Албанија „официјално има Закон за интегрирано менаџирање со отпадот и целиот отпад од овој регион треба да биде собран во депонијата кај местото Малиќ. Зошто тоа не се случува и кој е виновникот за тоа, е големо прашање.“
Според Петри, депонијата е проблем за туризмот, а, освен тоа, загадената почва влијае врз ланецот на исхрана и здравјето на луѓето.
Повеќе за ситуацијата со отпадот во и околу Пустец, во видеото: