1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Путин за војната во Украина: Немавме друг избор

ЖА / агенции
12 април 2022

Рускиот претседател Путин, кој се сретна со белорускиот властродржец Лукашенко во источна Русија, ја оправда инвазијата врз Украина. Украинскиот претседател Зеленски пак инсистира на построги санкции против Москва.

https://p.dw.com/p/49pnA
Belarus Wladimir Putin zu Besuch bei Alexander Lukaschenko
Фотографија: Mikhail Klimentyev/Russian President Press Office/dpa/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победа во војната во Украина. Целите на „специјалната операција“ ќе бидат исполнети, во тоа не постои никаков сомнеж, тие се апсолутно јасни и благородни, изјавил Путин за време на посетата на космодромот „Восточни“ на крајниот исток на земјата, како што пренесува руската агенција Интерфакс. Путин ја оправдал одлуката за  инвазија врз Украина  од пред седум недели како „безалтернативна“, тврдејќи дека операцијата е во корист на руската безбедност: „Ние немавме друг избор, конфликтот со антируските сили во Украина беше само прашање на време“.

„Русија не сака да се изолира и  нема да дозволи да биде изолирана"

Многу меѓународни експерти го обвинуваат шефот на Кремљ дека заштитата на руското малцинство во Украина ја искористи само како изговор за војната. Путин истакнал дека Русија не сака да се изолира од остатокот од светот, а тоа нема да бидат во можност да го направат ни  санкциите кои Западот ги воведе поради руската инвазија.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

„Неможно е во современиот свет некој сериозно да биде изолиран, посебно не една толку голема земја како  Русија".

Москва и натаму ќе го гради својот технички и технолошки потенцијал, посебно во вселената, истакнал  Путин,  кој заедно со Лукашенко го посетил космодромот.

Русија изврши инвазија врз Украина на 24 февруари, а оттогаш руските трупи напаѓаат и од територијата на Белорусија. Истовремено на пограничната територија на авторитарната екс-советска република во март беа одржани и првите разговори меѓу руска и украинска делегација. По натамошна рунда преговори во турскиот град Истанбул, белорускиот властродржец Лукашенко повторно понуди посредување меѓу двете завојувани земји.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак од западните земји синоќа повторно побара заострување на нивните санкции против Русија. Тие треба толку силно да ја погодат Русија, што „би ги спречиле дури и руските изговори за оружје за масовно уништување.“ „Ембарго против руската нафта е неопходно, секој нов пакет санкции кој нема да го содржи тоа ембарго, во Москва ќе биде примен со насмевка“, истакна Зеленски.