1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: Како екс-шпионот се одржа на врвот на моќта

Елизабет Шумахер
19 март 2018

Владимир Путин го искористи системот на дезинформации и непотизам за да остане на власт со децении. ДВ фрла поглед на тоа како непознатиот нискорангиран таен агент стана непобедлив лидер.

https://p.dw.com/p/2uZWm
Moskau Wahlkampfbüro Putin Ansprache
Фотографија: picture-alliance/AP/Y. Kadobnov

Владимир Путин победи на претседателските избори  и го освои четвртиот мандат на функцијата, што му обездбедува уште шест години на врвот на власта во Руската Федерација. Политичката победа ја заокружува кариерата мината во акумулирање моќ, избегнување на последиците од законски дискутабилни активности и промена на имиџот на Русија за светот и за самиот себеси.

Повеќе:

-Големата измама на Владимир Путин

-Русите бираат: Владимир Путин или хаос?

-Русија - земја на остри контрасти

Патот на политичката личност Владимир Путин започнува во 1975 година, која тој ја стартува својата кариера како нискорангиран агент во советската тајна служба КГБ. Од 2000 година наваму тој е неприкосновен лидер на Русија. Како му успеа тоа?

Повеќе детали за подемот на Владимир Путин до моќта во следнава галерија:

Според руско-американскиот писател Маша Гесен, способноста на Путин да се одржи на власт во Русија не е резултат само на внимателно градениот имиџ. Имено поранешниот шпион останува во Кремљ и покрај економскиот пад, дипломатската изолација и речиси постојаните обвинувања за корупција и кршење на човековите права, поради неговата способност да направи „зборовите да не значат ништо“.

„Тој не престанува да зборува... Тоа е со намера да се создаде впечаток дека знае за што зборува. Но исто така едноставно е со намера да ги вовлече луѓето во бесмислени нешта“, вели Гесен.

Moskau Anhänger Putin Jubel Wahlerfolg
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Според него и погледот на Западот кон Путин како на „супер-негативец од филмовите за Џемс Бонд - творец на глобален хаос“ му одело од полза на претседателот на Русија.

А неговата политичка машина не покажува знаци на забавување. Со оглед дека има поставено комплексна мрежа од политички и економски непотизам,  крајот на Путин истовремено би можел да биде и крај на стабилноста во Русија. Но со оглед не неговата последна изборна победа, до тоа нема да дојде барем до 2024 година.